ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи >
      • Алгебра и геометрија
      • Анализа
      • Топологија
      • Применета математика
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Уписи / конкурси >
      • Документи / I, II, III
      • Стипендии
      • Координатори
      • Студентски права
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Применета математика - MMO
        • Применета математика - МСАММЕ
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Меѓународна размена
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Студентска страница
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Настава > Втор циклус студии > Акредитација 2014/2015 > Математички науки и примени

Математички науки и примени


На вториот циклус студии, во периодот од почетокот на учебната 2010/2011 година до учебната 2013/2014 година, беше акредитирана само насоката Математички науки и примени. Со последната акредитација од учебната 2014/2015 година, овие студии не претрпеа измени.
  • Информатор за вториот циклус студии (математички науки и примени) на Институтот за математика
Назив на студиската програма
  • Математички науки и примени
  • Mathematical Sciences and Applications / Англиски назив

Наставен план
Студиската програма Математички науки и примени на вториот циклус студии се состои од 2 задолжителни предмети, коишто се избираат од листа на задолжителни предмети (прв семестар, листа А1) и 2 изборни предмети, коишто се избираат од поширока листа на изборни предмети (втор семестар, листа А2), а којашто може да се дополнува со изборни предмети во зависност од изборот на областа на кандидатот и полето на научен интерес. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.

Прв семестар
  • Изборен предмет 1 (10 кредити) од Листа А1
  • Изборен предмет 2 (10 кредити) од Листа А1

Листа А1
  • Неевклидски геометрии
  • Одбрани делови од алгебра
  • Одбрани делови од алгебарска топологија
  • Одбрани делови од општа топологија
  • Одбрани делови од функционална анализа
  • Теорија на аналитички функции
  • Теорија на веројатност

​Втор семестар
  • Изборен предмет 3 (10 кредити) од Листа А2
  • Изборен предмет 4 (10 кредити) од Листа А2
  • Листа А2 

Услови за запишување на студиите
На студиската програма математички науки и примени имаат право на запишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по теориска математика. 
  • завршиле прв циклус студии по наставна математика, математичко програмирање и математичка економија, под услов да ги имаат положено предметите: алгебра 2, анализа 3 и општа топологија, како задолжителни или изборни предмети од која било студиска програма по математика од првиот циклус студии. За кандидатите што не го исполнуваат овој услов, Колегиумот на вториот циклус студии ќе утврди термини за полагање на овие диференцијални испити.
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска или наставна математика. 
  • завршиле прв циклус академски студии на некој технички факултет или некој друг сроден факултет, со претходно полагање на диференцијалните испити наведени во претходната точка. 
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје со претходно полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.

Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерскиот труд и се стекнува со 60 ЕКТС кредити, согласно член 116 од Законот за високо образование на РМ и согласно член 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на УКИМ во Скопје, а според студиската програма се стекнува со соодветен назив и диплома:
  • Магистер по математички науки и примени
  • Master of Mathematical Sciences and Applications / Англиски транскрипт на називот

Општи и специфични компетенции
Студиската програма Математички науки и примени нуди теоретска основа за усвојување на напредни и сложени математички теории, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа. Магистрираните студенти можат да работат во основното, средното и високото образование, во научните институции и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна примена на математиката.
Студентите на вториот циклус преку оваа студиската програма ги развиваат своите апстрактни и аналитично-синтетични ментални способности, развиваат самостојност и потегнуваат иницијатива во решавањето на математички проблеми, но создаваат и критички однос кон материјата што ја изучуваат. Студентот се оспособува за продолжување на своето образование на третиот циклус студии на студиската програма по математички науки и примена, но и на други студиски програми, посебно онаму каде што математиката има примена, што е значајно за формирање на научен подмладок на универзитетите, но и на други институции.

Координатор на студиската програма: 
проф. д-р Марија Оровчанец 
e-mail: marijaor@pmf.ukim.mk
Контакт: 02/3249-813

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.