Наставна математика
Студиската програма по НАСТАВНА МАТЕМАТИКА од првиот циклус студии, на студентите им обезбедува академско образование од полето на математиката. Стекнатите математички компетенции подразбираат темелни знаења и разбирања на резултатите од главните области на математиката, како што се: алгебра, анализа, геометрија, диференцијални равенки, теорија на веројатност, математичка статистика и нумеричка математика, како и способност за разбирање на математички докази, а со тоа и логичко аргументирање во општи ситуации и способност за креативно решавање на математички проблеми.
Студиите даваат потребни стручни, дидактичко-методички и педагошко-психолошки компетенции за успешно спроведување на сите образовни програми од полето на математиката на ниво на средно училиште. Студиите ги оспособуваат студентите за изведување на сите видови настава по математика – редовни, додатни, дополнителни и изборни, како и за работа со деца надарени за математика, нивна подготовка за натпревари, водење на учениците при изработка на матурски теми или проектни задачи. Се разработуваат разни видови настава: од традиционалната фронтална настава, преку програмираната, евристичната и менторската настава, сè до современите облици на проблемска настава, како и за примена на информациските технологии во наставата по математика.
Освен тоа, студентите стекнуваат компетенции за работа во образовниот систем на Р. Македонија, и тоа во средните училишта како организации, па стекнуваат знаења за сите задачи кои се од интерес на наставникот (имено, класен раководител, водење педагошка документација, соработка со родителите, соработка со стручните служби и др.). Во рамките на предложенава студиска програма, предвидено е изведување практична настава (од најмалку 30 дена годишно) којашто е во функција на практичното усовршување на студентите.

Студиите ги оспособуваат кандидатите и за натамошно самообразование од полето на математиката и математичкото образование. Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии – втор циклус студии организиран од Институтот за математика и тоа, конкретно во студиската програма, т.е. насоката по математичко образование во основно и средно училиште, но и во други области на математиката (теориска или примената, односно студентот има право, доколку има положено соодветни задолжителни и изборни предмети, односно диференцијални испити (за кои се изјаснува колегиумот на вториот циклус студии) да се запише на теориската насока од вториот циклус студии – Математички науки и примени, односно на применетите насоки - Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија или Нумеричка оптимизација и апроксимации).
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ