ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи >
      • Алгебра и геометрија
      • Анализа
      • Топологија
      • Применета математика
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Уписи / конкурси >
      • Документи / I, II, III
      • Стипендии
      • Координатори
      • Студентски права
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Применета математика - MMO
        • Применета математика - МСАММЕ
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Меѓународна размена
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Студентска страница
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Настава > Втор циклус студии > Акредитација 2019/2020 > ​Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија

Применета математика -
​математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија


Студиската програма на вториот циклус студии Применета математика-Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, што се предлага за реакредитација, за првпат е акредитирана за учебната 2014/2015 година. Оваа насока е природно продолжување на студиската програма математичка економија/актуарска и финансиска математика што петнаесетина години се изведуваат на првиот циклус студии по математика. Наставата се изведува во два семестра. Кандидатите што ги завршуваат овие студии стекнуваат 60 ЕКТС кредити.
Назив на студиската програма
  • Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија
  • Master Studies in Applied Mathematics - Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy

​Услови за запишување на студиите

На студиските програми по Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија имаат право на запишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по математичка економија, математичко програмирање, теориска математика.
  • завршиле прв циклус студии по наставна математика со евентуално полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска математика, наставна математика.
  • завршиле прв циклус академски студии на некој од економските факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршиле прв циклус академски студии на други факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје со претходно полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.
  • Одлука на Стучниот совет на Институтот за математика за одредување на диференцијални испити за студиската програма Применета математика - Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата (15.09.2021 год)

Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
  • Магистер по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата
  • Master of Applied Mathematics - Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy / Англиски транскрипт на називот

Општи и специфични компетенции
Студиската програма по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата нуди основа за продлабочување на знаењата од областа на статистиката, актуарството и математичкото моделирање во економијата на сегашните и идните вработени во банкарскиот сектор, осигурителните друштва, пензиски и здравствени фондови, владини агенции, консултативни компании и други вакви организации. Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во било кој сектор како статистички аналитичари, финансиски аналитичари, консултанти, истражувачи на пазарот. Студентите на оваа студиска програма се стекнуваат со потребните математичките занаења кои се применуваат во актуарската професија.

Наставен план
Студиската програма Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија на вториот циклус студии се состои од 4 изборни предмети. Од нив, во првиот семестар 2 се избираат од листата Г1 и 1 од листата Г2, додека во вториот семестар се избира 1 предмет од листата Г2 или од универизтетската листа на слободни изборни предмети за вториот циклус студии (препорачуваме тоа да биде предмет од оваа листа од Економскиот факултет). Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.

Прв семестар
  • Изборен предмет 1 од листа Г1 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10
  • Изборен предмет 2 од листа Г1 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10
  • Изборен предмет 3 од листа Г2 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10

Втор семестар
  • Изборен предмет 4 од листа Г2 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10
          или изборен предмет од универзитетската листа на изборни предмети за втор циклус студии 
          (Препорачуваме студентот да избере предмет од Универзитетската листа на слободни изборни предмети
           за втор циклус на студии од Економскиот факултет
.)
  • Магистерска работа / ЕКТС 20 

Координатор на студиската програма: 
проф. д-р Весна Манова Ераковиќ 
Контакт: 02/3249-650
e-mail: vesname@pmf.ukim.mk

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.