Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Четврти семинар „Математика и примени“ > Котизација за учество
Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019 (котизација за учество)
Котизацијата за регистрираните учесници на Четвртиот семинар „Математика и примени“ е во висина од 600 денари и треба да се плати најдоцна до 30 ноември 2019 година.
Пред да ја извршите уплатата треба да бидете регистрирани. Линк за on-line регистрација: http://im-pmf.weebly.com/cetvrti-seminar-matematika-i-primeni-registracija.html. Откако ќе ја извршите уплатата, потребно е најдоцна до 1 декември 2019 година, да пратите копија од уплатницата т.е. од извршената уплата на адреса: ас. м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com). Предавачите на Семинарот, студентите и средношколците се ослободени од плаќање котизација. Изглед на уплатницата (образец ПП50): При индивидуални уплати, задолжително да се наведе ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО на учесникот на Семинарот, како и целосната ЦЕЛ НА ДОЗНАКА. На уплатницата ДА НЕ СЕ НАВЕДУВА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, а информација за органицацијата да се прати по мејл заедно со копијата од уплатницата. При единични или групни уплати од страна на организацијата, задолжително да се наведе ОРГАНИЗАЦИЈАТА, бројот на учесници за кои е извршена уплатата како и целосната ЦЕЛ НА ДОЗНАКА. Имињата на учесниците за кои е извршена уплатата да се пратат по мејл заедно со копијата од уплатницата. |
Важни датуми:
25 ноември 2019 - краен рок за поднесување апстракти. 30 ноември 2019 - краен рок за on-line регистрација и плаќање на котизација за учество на Семинарот. 13-14 декември 2019 - денови на одржување на Семинарот 31 јануари 2020 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. Главен координатор: Проф. д-р Ирена Стојковска Координатори: Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова Ас. м-р Марко Димовски *) Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје со наслов „Популаризација на математиката“.
|
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ