Проф. д-р Драгослав Митриновиќ

Акад. д-р Драгослав Митриновиќ е роден во 1908 година во Смедерево, Србија, a pочинал во Белград во 1995 година. Дипломирал на Филозофскиот факутет во Белград во 1932 година, каде што и докторирал на тема Истраживање о једној важној диференцијалној једначини првог реда. По покана на Владата на НРМ, како основач на Катедрата за математика на Филозофскиот факутет во Скопје, дошол во 1946 година, во звањето вонреден професор и тука работел се' до 1951 година. Во 1950 година, по сопствена молба, бил разрешен од должноста, за да премине Електро-техничкиот факултет во Белград како редовен професор и шеф на Катедрата за математика.
По доаѓањето во 1946 година во Скопје, под најтешки услови и без каков и да е технички пресонал ја организирал работата на Катедрата за математика. Пред се' создава библиотека која по својата снабденост и уредност станува пример за библиотеките на другите новосоздадени катедри и институти. Тој ги вовел повеќето курсеви по математика, формирал универзитетска печатница, го основал Друштвото на математичарите, физичарите и астрономите на Македонија, ги формирал првите научни списанија, Годишен зборник - Секција за природно-математички науки, Билтен на друштвото на математичарите, физичарите и астрономите на Македонија, Специјални изданија на Годишниот зборник и организирал размена со странски земји за тие списанија. Поради своите заслуги, проф. Митриновиќ е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.
По заминувањето во Белград, тој развил огромна научна и организаторска дејност: објавил повеќе од 50 универзитетски прирачници и учебници, над 30 научни монографии (многу од нив издадени во странство) и над 400 научни труда, 60-тина доктори на науки, со што станал едно од најпознатите имиња на светската математика.

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ