ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен кадар
    • Заводи >
      • Алгебра и геометрија
      • Анализа
      • Топологија
      • Применета математика
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Уписи / конкурси >
      • Документи / I, II, III
      • Стипендии за I циклус
      • Координатори
      • Студентски права
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Применета математика - MMO
        • Применета математика - МСАММЕ
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Меѓународна размена
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Студентска страница
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > За Институтот за математика > Кадар > Поранешен наставен кадар > Ѓорѓи Чупона

Проф. д-р Ѓорѓи Чупона


Picture
Роден во Маловиште, Битолско, во 1930 г. Основно и средно образование оформил во Битола, а дипломирал во 1953 г. на Филозофскиот факултет во Скопје, група за математика. Докторирал во 1959 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на тема “Прилог кон теоријата на алгебарските структури”,под менторство на проф. д-р Владимир Девиде. Во текот на 1964 г. престојувал на специјализација на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Во мај 1979 г. бил избран за дописен член на МАНУ, а од ноември 1983 г. е редовен член на МАНУ. По дипломирањето работел како професор по математика во средно училиште до неговиот избор, во февруари 1955 г., за асистент по математика на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1961 г. бил избран за доцент на Техничкиот (подоцна Електро-машинскиот) факултет во Скопје. За вонреден професор бил избран во 1967 г., кога се вратил на ПМФ во Скопје, каде што во 1972 г. бил унапреден во редовен професор за областа алгебра. Од 1985 г. до пензионирањето во 1994 г., бил член на новоформираниот Институт за информатика на ПМФ. Научен интерес на д-р Ѓорѓи Чупона претставува алгебрата, посебно делот од универзалната алгебра што ги третира n-арните, векторско-вредносните и други на нив слични структури. Во македонската математика тој е основоположник на алгебрата, како и на дисциплините тесно поврзани со неа, од сите нејзини аспекти. Тој е првиот македонски математичар кој објавил научни трудови од областа на алгебрата, под негово раководство се издигнаа сите наши кадри од оваа област. Прв автор е на универзитетски учебници од оваа дисциплина. Соработката остварена со редица математичари од поранешните југословенски простори, како и големиот број печатени заеднички трудови, го истакнаа како еден од водечките алгебристи во СФР Југославија. Во 1980 г. во Скопје ја организирал првата Алгебарска конференција во Југославија, од која подоцна произлегоа познатите југословенски алгебарски конференции што се одржуваа во сите позначајни математички центри. Според достигнатите научни резултати, посебно во областа на n-арните алгебарски структури, тој успеа да ја направи македонската алгебра препознатлива и во светски рамки. Професор Чупона има објавено околу 100 научни трудови во домашни и во меѓународни списанија, зборници на трудови, книги. Учествувал на меѓународните математички конгреси во Москва 1966 г., и во Ница, 1970 г., како и на многу конференции и научни собири ширум СФРЈ. Во текот на последните три децении бил раководител на голем број научни проекти, финансирани од СИЗ за научни дејности и од МАНУ. Во рамките на тие проекти редовно организирал семинари, кои одиграа значајна улога во афирмирањето и во научното издигнување на голем број соработници. Некои од семинарите беа одржани како еднонеделни научни собири во други места од Републикава со учество на математичари од повеќе универзитетски центри надвор од Македонија. Улогата што ја одиграа учебниците Предавања по алгебра I, Предавања по алгебра II и Алгебарски структури и реалниброеви, како и Предавања по виша математикаI, II, III и Виша математика I, II, III, IV, наменети за студнетите од техничките факултети, чиј автор, односно коавтор е тој, одиграа незаменлива улога во издигањето на алгебарската и, пошироко, математичката култура во нашата средина. Голем е неговиот ангажман и во развојот на компјутерските науки кај нас, посебно оној нивен дел што е тесно поврзан со математиката. Во периодот 1969-1973 г. беше директор на Математичкиот институт со нумерички центар при Универзитетот во Скопје, од кој произлегоа повеќе кадри кои сега работат на полето на информатиката. Бил иницијатор на математичките школи за млади математичари, а во еден мандатен период и претседател на Друштвото на математичарите на Македонија. Има добиено повеќе признанија и награди за покажаните резултати: плакета на Универзитетот "Кирил и Методиј", наградата “11 Октомври” во 1966 г. и други. Одликуван е со Орден заслуги за народ со сребрен венец и со Орден на трудот со златен венец. Почина на 16 декември 2009 година, во Скопје.

  • ОДБРАНИ НАУЧНИ ТРУДОВИ НА ЃОРЃИ ЧУПОНА / SELECTED PAPERS OF GORGI CUPONA


Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.