Проф. д-р Ковина Милошевиќ
Ковина Милошевиќ-Ракочевиќ е еден од првите асистенти на Институтот за математика, произлезени од редовите на неговите студенти. Родена е во Скопје во 1928 година. Дипломирала во 1951 година на Филозофскиот факултет во Скопје, Катедра за математика. на 8 јануари е избрана за асистент. Член на Институтот била до 1 јули 1957, кога е разрешена од должноста по свое барање. Докторирала во Белград и се вработила на Економскиот факултет во Белград каде што останала се' до својата рана смрт.
Во Скопје ја водела астрономската секција при Математичкиот институт и вежби по голем број предмети. Нејзино поле на интерес биле сумации, редови и приближни пресметувања во астрономијата, а подоцна и разни проблеми од економијата. Автор е на учебник по математика за економисти.

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ