Почетна > Наука > Конференции > Манифестација „Ноември - Месец на науката“ > „Ноември - Месец на науката“ 2017
Манифестација за популаризација на природните науки
„Ноември - Месец на науката“, 11-26 ноември 2017
27.11.2017
ПОИМ известува: УСПЕШНО ПРВО УЧЕСТВО НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2017 Оваа година Институтот за математика по прв пат се вклучи во организацијата на настанот Ноември - Месец на науката, кој се одржа од 11 до 26 ноември 2017 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од областа на математиката беа одржани предавања, натпревари во демонстрации по математика за учениците од основните и средните училишта, како и работилница по математика за учениците од I до VI оддеелние. Сите присутни придонесоа за популаризацијата на математиката и природните науки, а најуспешните во натпреварите во демострации беа наградени. повеќе... Манифестацијата „Ноември - Месец на науката“ 2017 ќе се реализира во пет дена од три викенда во ноември и тоа:
Регистрираните учесници (ученици и наставници) ќе имаат целодневни активности, а во периодот од 14-16 часот (на 11 ноември) и 9.30-12.30 часот (на 18, 19, 25 и 26 ноември) манифестацијата е отворена (слободен влез) за посетители од надвор кои ќе може да присуствуваат на изложбените демонстрации на учениците. 21.11.2017
(Превземено соопштение од http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm) Програма за третиот викенд, 25.11.2017 (I и II год) и 26.11.2017 (III и IV год) Забелешка: Сите демонстраци по математика за претстојниот викенд 25 и 26 ноември се префрлени на 25 ноември во сабота од 9.30 до 12.30 часот. 14.11.2017
(Превземено соопштение од http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm) Програма за вториот викенд, 18.11.2017 (VII и VIII одд) и 19.11.2017 (IX одд) Забелешка: Сите демонстраци по математика за претстојниот викенд 18 и 19 ноември се префрлени на 18 ноември во сабота од 9.30 до 12.30 часот. 09.11.2017
(Превземено соопштение од http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm) На линковите подолу дадени се апстракти на предавањата за Ноември - месец на науката 2017. Овие предавања, спред програмата, ги посетуват регистрираните учесници во предпладневните часови. 11.11.2017 (сабота), I–VI одд Светлана Пејовиќ – Екологија и биологија на балканскиот рис Бијлана Анѓушева – Рециклирање на материјали: предизвици и можности Валентина Гоговска – Текстуални задачи Оливер Зајков – Физика за забава 18.11.2017 (сабота), VII–VIII одд. и 19.11.2017 (недела), IX одд. Јасмина Петреска Станоева – Храната како витална компонента во одржување на животот Тодорка Цилева – Примена на мобилните телефони во наставата по физика во основно образование Филип Парталовски – Телескопи: типови и принцип на работа Глигорије Џилвиџиев – Природни појави на планината Беласица Миха Буклески – Хемичарите во време на војна. Успесите на нацистичките хемичари Анета Гацовска-Барандовска – Математиката и економските функции Бисера Влахова – Брадест мршојадец 25.11.2017 (сабота), I–II год и 26.11.2017 (недела), III–IV год Олгица Кузмановска – Еволуција на ѕвездите Александар Кирковски – Алпите од планинарска перспектива Алексеј Ановски – Иновации на еволуцијата Марина Јанеска – Школски тестови на мобилен телефон Љупчо Пејов – Молекули во нанокафези: мал простор, големи можности Емилија Целакоска – Како да се користи Ламбертовата функција Благоја Маркоски – Географските информациски системи нов правац во географијата Сара Крстевска – Во светот на дијатомеите 03.11.2017
(Превземено соопштение од http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm) Програмата за првиот викенд е дадена тука. Списокот на ученици по групи за работилниците е даден тука: МАТ П.Н.-ХЕМ П.Н.-БИО П.Н.-ФИЗ Списокот на учесници (и ученици и наставници) врз основа на уплатена котизација е даден тука. Со зелено се означени оние учесници кои имаат уплатено котизација. Оние кои не се означени, задолжително да достават слика од уплатница на [email protected], како и список на лица за кои се однесува уплатата доколку на една уплатница е платено за повеќе лица. Други информации:
Со почит, СХТМ во име на организаторите 02.10.2017
(Превземено соопштение од http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm) Почитувани ученици, наставници и сите заинтересирани за манифестацијата Ноември – месец на науката 2017, Ве информираме дека досега преку електронскиот формулар се регистрирани над 1000 учесници за оваа манифестација. СХТМ во име на сите организатори им се заблагодарува за нивниот интерес, желба за истражување и стекнување нови знаења и пријателства. Сепак, за да излеземе во пресрет на сите заинтересирани за овој настан објавуваме дека, по барање на повеќемина наставници, рокот за пријавување за првиот и третиот викенд се продолжува до 10 октомври 2017 година (односно, продолжувањето на рокот за пријавување важи само за учениците од I до VI одд. и за оние од I до IV година). Електронскиот формулар е достапен на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1n4V0HFuK1GITekt1jWNBH7_3_OYckoCYfDqIylnFyp4/viewform?edit_requested=true Останатите рокови остануваат непроменети: - 15 октомври 2017 – испраќање опис на демонстрација за ученици од основно образование (на e-mail: [email protected]) - 15 октомври 2017 – испраќање опис на презентацијата за наставници од основно образование (на e-mail: [email protected]) - 27 октомври 2017 – испраќање опис на демонстрација за ученици од средно образование (на e-mail: [email protected]) - 27 октомври 2017 – испраќање опис на презентацијата за наставници од средно образование (на e-mail: [email protected]) - 27 октомври 2017 – уплата на котизација – за сите регистрирани учесници Пријави и уплати по овие датуми нема да бидат земени предвид и учесниците го губат правото на учество на настанот. Ве потсетуваме на следниве информации: 1) Сите предвидени активности ќе бидат реализирани на Институтот за хемија, ПМФ. Посетата на лаборатории ќе биде реализирана на соодветните институти на ПМФ. 2) Една демонстрација се изведува од еден или најмногу двајца ученици. Демонстрации во кои учествуваат тројца или повеќе ученици нема да бидат земени предвид. Времето предвидено за изведување на една демонстрација со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 мин. 3) Еден ученик може да се пријави за демонстрација само од една област. Учениците што изведуваат демонстрација треба да бидат присутни на означените работни места во периодот од 13 до 16 ч. 4) Наставниците кои не се ментори на ученици кои се претставуваат со демонстрација задолжително подготвуваат презентација во врска со нивната наставна практика (доставуваат формулар до предвидениот датум; времето на презентирање е 10−15 мин.). Со една презентација се пријавува еден наставник. Наставниците – ментори на ученици можат да изберат дали ќе подготват и презентација или не. 5) Писмено тестирање за учениците не е предвидено. 6) Научно-популарните предавања во претпладневната секција се дозволени за сите регистрирани учесници. Нерегистрирани учесници немаат право да присуствуваат на предавањата. Со почит, СХТМ во име на организаторите Драги ученици и наставници,
Прелиминарната програма за настанот Ноември - месец на науката 2017 може да ја видите на следниот линк: http://sctm.mk/noemvri-dokumenti/2017/prvichna-programa-mesec-na-nauka-2017.pdf. Пријавувањето за учество е во тек: http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm. Од организаторите 23.09.2017 Драги ученици и наставници,
Прелиминарната програма за настанот Ноември - месец на науката за првиот викенд (11 ноември 2017 год.) наменет за ученици и наставници од I до VI одд. може да ја видите на следниот линк. Пријавувањето за учество е во тек. Од организаторите 22.09.2017 Почитувани ученици и наставници,
Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, физика, хемија, биологија, географија и математика и ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:
За учество на настанот секој ученик и секој наставник треба да се пријави со пополнување на електронска пријава најдоцна до 30 септември 2017 година и да уплати котизација за учество. Освен тоа, треба да се пополни формулар со опис на демонстрацијата (на учениците) или презентацијата (на наставниците) и да се испрати на дадената електронска адреса најдоцна до 15 октомври (за основно) и до 27 октомври (за средно). Сите потребните информации и формулари може да се најдат тука:
Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори. Да се вклучиме сите и заедно да придонесеме за популаризација на природните науки! Со почит, Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД Мартин Стојановски, претседател на САД Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ 11.09.2017 |
21.11.2017, Програма за третиот викенд, 25.11.2017 (I и II год) и 26.11.2017 (III и IV год)
14.11.2017, Програма за вториот викенд, 18.11.2017 (VII и VIII одд) и 19.11.2017 (IX одд) 03.11.2017, Финална програма за првиот викенд (11 ноември 2017) 03.11.2017, Списокот на ученици по групи за работилниците за првиот викенд 11 ноември 2017: МАТ П.Н.-ХЕМ П.Н.-БИО П.Н.-ФИЗ 02.10.2017, Програма за настанот Ноември - месец на науката 2017 23.09.2017, Прелиминарна програма за настанот Ноември - месец на науката 2017 22.09.2017, Прелиминарна програма за првиот викенд (11 ноември 2017) 11.09.2017, Прво соопштение Ноември - месец на науката 2017 (PDF) |
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ