ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2022/2023 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2023/2024
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2023/2024 >
        • Математички науки и примени 2023
        • Математичко образование 2023
        • Применета математика - MMO 2023
        • Применета математика - МСАММЕ 2023
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени 2019
        • Математичко образование 2019
        • Применета математика - MMO 2019
        • Применета математика - МСАММЕ 2019
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени 2014
        • Математичко образование 2014
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации 2014
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Мобилност
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции >
      • Семинар „Математика и примени“
      • Конференции за образование
      • Манифестација „Ноември - месец на науката&ldq
      • Конференции, семинари, работилници
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Документи за I и II циклус >
      • Конкурси за упис >
        • Координатори
      • Правилници и постапки
      • Уписи / заверки
      • Календар на активности
      • Стипендии
      • Обрасци, барања, Iknow
    • Студентски живот >
      • Студентски организации
      • Студентски права
      • Правобранител на УКИМ
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Дипломска работа
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
  • New Page
Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Осми семинар „Математика и примени“

Осми семинар „Математика и примени“, 14 март 2025


С О О П Ш Т Е Н И Е
(4.4.2025)

Почитувани,

Ве известуваме дека фотографиите и презентациите од одржаните предавања на Осмиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 14 март 2025, се објавени во Галеријата и на ПОИМ соодветно. Кон нив може да пристапите преку следните линкови:
  • Галерија
  • ​Презентации

Со почит,
Координаторите на Семинарот



С О О П Ш Т Е Н И Е
(11.3.2025)

Почитувани колеги, соработници и студенти,

Програмата и Книгата со апстракти за предавањата на Осмиот семинар „Математика и примени“ 14 март 2025 може да ги најдете на следните линкови:
​
  • Програма
  • Книга со апстракти

Ве очекуваме на Осмиот семинар „Математика и примени“ на 14 март 2025 за да заедно ѝ одадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто. Воедно, најавуваме дека регистрацијата на Семинарот е продолжена до 12 март 2025 и може да се регистрирате на следниот линк за онлајн регистрација.

Ви посакуваме успешен семинар!

Со почит,
Координаторите на Семинарот


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(20.01.2025)

Почитувани колеги, соработници и студенти,
 
Ве известуваме дека Осмиот семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 14 март 2025 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
 
Семинарот „Математика и примени“ се одржува традиционално веќе неколку години, а неговата цел е промовирање на математичките науки меѓу младите, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, разгледување насоки и можности за идни истражувања. Предавањата на Осмиот семинар ќе бидат од научно-популарна природа во рамките на теориската и применетата математика. За учество на овој настан не се плаќа котизација. На предавачите ќе им биде доделен сертификат за учество и ќе им биде овозможено објавување на нивниот труд во едицијата Математички омнибус. Нема да се доделуваат сертификати за слушателите.
 
На Семинарот можат да учествуваат како предавачи или слушатели студенти од сите три циклуси и сите насоки на факултетите при УКИМ: ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Градежен факултет, Економски факултет, како и од други факултети при универзитетите во Македонија. Ги каниме и сите заинтересирани униврзитетски професори и соработници, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор, со своето присуство и учество да го збогатат овој настан.
 
Важни датуми:
​

7 март 2025 година - краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето. Заинтересираните предавачи треба да ги пратат насловот и апстрактот на своето предавње на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: Urnek_za_apstrakt_mip2025.doc. 

10 март 2025 година - краен рок за задолжителна онлајн регистрација.

14 март 2025 година - ден на одржување на Семинарот.
​
30 јуни 2025 година - краен рок за поднесување трудови од одржаните предавања за објавување во електронското и печатеното издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ. Заинтересираните предавачи за објавување труд од нивното предавање, својата работа треба да ја испратат на адреса на координаторите: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]).
Урнекот за трудот може да го симнете одовде: Urnek_za_trud_mip2025.doc.
Фонтовите што се користат во овој урнек се македонски и може да се преземат од тука: SKOLA_font_family.zip.

​Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто.

​Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])
Претходни семинари „Математика и примени“:
  • ​​Седми семинар „Математика и примени“, 15 март 2024
  • Шести семинар „Математика и примени“, 17 март 2023
  • Петти семинар „Математика и примени“, 5-6 март 2021​
  • Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019
  • Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
  • Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017
  • Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
​Работилницa, претходник на семинарите „Математика и примени“:​
  • Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
Picture
Симни леток (pdf)

Програма

Книга со апстракти

Презентации​
Галерија

Важни датуми:
7 март 2025 - краен рок за поднесување апстракти.

10 март 2025 - краен рок за задолжителна онлајн регистрација.
​(рокот за регистрација е продолжен до 12 март 2025)

14 март 2025 - ден на одржување на Семинарот.

30 јуни 2025 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. 

​Kоординатори: 
Проф. д-р Ирена Стојковска 
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова 

Соработници:
Стево Ѓоргиев
​Ерблина Зеќири
Илија Јовчески
Милена Мицковска
Бојан Карапалевски
Јована Речкоска
​Александар Костевски

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.