Акредитација 2018/2019
Со оваа реакредитација на Институтот за математика ќе се одвива настава на следниве насоки:
Тие претставуваат прва етапа во болоњскиот систем 4+1 академско образование за математичари. Услов за успешно завршување на студиите на секоја од насоките е положување на сите испити од пропишаниот наставен план и програма, со изработка на дипломска работа како завршен испит.
Секоја од насоките на овие студии ќе им овозможи на студентите да се профилираат, зависно од нивните лични желби, но и од општествените потреби. Главната цел на овие студиските програми по математика е теориски да ги поткова студентите од разни области од математиката, а стекнатите знаења во врска со математичките методи и техники практично да ги применат, независно од тоа дали станува збор за образовен процес или апликативна дејност во науката, стопанството или економијата. Студентите по математика се оспособуваат за разни технички занимања во стопанството, државната управа и јавниот сектор, коишто вклучуваат темелни знаења од областа на математиката и аналитичен начин на размислување. Исто така, се оспособуваат за примена на математиката при решавање на различни практични проблеми, било тие да се од сферата на образованието, било да се од сферата на стопанството, а секако, кај нив се поттикнуваат и разни други способности, како што се способноста за организација, анализа и презентација на знаења, иформации и податоци и примена на информатичките технологии.

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ