Статус, права и обврски на студентот
Статус
Статусот студент се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на Универзитет, а со тоа, тој станува и член на акдемската заедница. Статусот студент се докажува со студентска легитимација.
Права и обврски на студентот
Студентот има право на:
Студентот има право да:
Студентот има обврска да:
Правото од претходниот став студентот може да ги користи само доколку не го искористил во редовните испитни рокови.
Правата од ставовите 1 и 2 и обврските од ставот 3 на овој член, студентот на единицата ги остварува во обем и според условите утврдени со Законот, Статутот и Правилникот на единицата. Заради заштита на правата на студентите на секој универзитет се формира студентски правобранител. Надлежноста, изборот и работата на студентскиот правобранител се утврдува со статутот на универзитетот.
Студент може да студира на повеќе студиски програми (паралелно студирање), по интердисциплинарни или индивидуални студиски програми на една или повеќе високообразовни установи. Начинот и условите за студирање поблиску се уредуваат со статутот на високообразовната установа.
Престанок на статусот на студент
На студентот му престанува статусот на студент во високообразовната установа според условите и постапката утврдени со статутот на високообразовната установа. Статусот студент престанува, ако студентот:
Дисциплински мерки
За повреда на должностите и за неисполнување на обврските, на студент на додипломски студии може да му се изрече дисциплинска мерка опомена, јавна опомена и исклучување. Дисциплинската мерка исклучување се применува за учебната година во која е изречена. Дисциплинските мерки ги изрекува комисијата за дицициплински мерки на соодветната високообразовна установа. Во составот на дисциплинската комисија еден член делегираат студентите на високообразовната установа на која е запишан студентот. Со статутот на универзитетот односно статутот на самостојната висока стручна школа се определува составот на дисциплинската комисија, начинот и постапката за утврдување на дисциплинската одговорност, мерките и условите под кои дисциплинската мерка се изрекува и правото на заштита на студентот. Постапката за дисциплинската одговорност се спроведува врз начелото на праведност и сослушување од страна на комисијата за дисициплински мерки.
Учество во управувањето
Студентите учествуваат во управувањето со високообразовните установи преку претставниците кои ги избираат во студенскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, студентскиот интеруниверзитски парламент, во органите на високообразовните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин според условите утврдени со закон и статутот на високообразовната установа.
Студенскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа и студенскиот интеруниверзитски парламент им овозможуваат на студентите остварување на заедничките интереси како партнери во процесот на високото образование. Учеството на студентите во органите на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, во студентскиот парламент, прашањата за кои рамноправно одлучуваат, бројот, начинот на избор и другите прашања од значење за остварување на нивните права се уредуваат со статутот на универзитетот и правилата на единиците на универзитетот, односно со статутот на самостојната високообразовна установа.
Учеството на студентите во интеруниверзитетскиот парламент, прашањата за кои рамноправно одлучуваат, бројот, начинот на избор и другите прашања од значење за остварување на нивните права, поблиску се уредуваат со статутот на интеруниверзитетскиот парламент.

- Kвалитетни студии и образовен процес како што е предвидено во студиските програми
- Слободно искажување на мислења и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа
- Право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците
- Редовно студирање со статус редовен студент и право на вонредно студирање со статус вонреден студент
- Редовно да напредува, да се образува и да ги заврши студиските програми утврдени при запишувањето
- Запишување и образование под еднакви услови утврдени со Законот, Статутот и студиската програма
- Учество во управувањето со Универзитетот во согласност со Законот и Статутот
- Заштита на своите права и должности пред органите на Универзитетот
- Заштита на личноста и на достоинствоито на студентот од каква било злоупотреба
- Други права во согласност со Статутот, актите на Универзитетот и неговите единици
Студентот има право да:
- Напредува и да ги заврши студиите за пократко време од предвидено во студиската програма
- Студира истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви
- Ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа
- Ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Универзитетот и неговите единици
- Учествува во научно-истражувачката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди
- Избира и може да биде избран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи;
- Користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со Закон од вршителите на соодветните дејности
- Ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност
- Преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот
- Учествува во работата на студентските организации
- Учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со Статутот, актите на Универзитетот и единиците;
- Ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со Статут и Правилникот на единицата;
- Користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година;
- Добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето;
- Остварува соработка со студентите во земјата и во странство и
- Остварува и други права согласно со Законот, Статутот и Правилникот на единицата.
Студентот има обврска да:
- ги исполнува задачите пропишани во студиските програми
- ги почитува одредбите утврдени со Законот, Статутот, Правилникот на единицата и другите правни акти на внатрешното уредување
- ги применува решенијата на органите на управување, ректорот, деканот, односно директорот и да дејствува во согласност со студентскиот етички кодекс подготвен и одобрен од Универзитетот во согласност со студентското претставување.
- Студентите на сите степени на високо образование кои се слепи, глуви, мајки со деца до шест годишна возраст и хоспитализираните имаат право на полагање на испити во дополнителни испитни рокови најмногу два пати во текот на годината под услови утврдени со Правилникот на единицата.
Правото од претходниот став студентот може да ги користи само доколку не го искористил во редовните испитни рокови.
Правата од ставовите 1 и 2 и обврските од ставот 3 на овој член, студентот на единицата ги остварува во обем и според условите утврдени со Законот, Статутот и Правилникот на единицата. Заради заштита на правата на студентите на секој универзитет се формира студентски правобранител. Надлежноста, изборот и работата на студентскиот правобранител се утврдува со статутот на универзитетот.
Студент може да студира на повеќе студиски програми (паралелно студирање), по интердисциплинарни или индивидуални студиски програми на една или повеќе високообразовни установи. Начинот и условите за студирање поблиску се уредуваат со статутот на високообразовната установа.
Престанок на статусот на студент
На студентот му престанува статусот на студент во високообразовната установа според условите и постапката утврдени со статутот на високообразовната установа. Статусот студент престанува, ако студентот:
- дипломира
- не ги заврши студиите во рокот утврден со закон и статутот
- не го исполни условот за успис во повисока година во роковите утврдени со статутот и правилата
- се испише
- е исклучен.