Почетна > Настава > Втор циклус студии > Акредитација 2014/2015 > Нумеричка оптимизација и апроксимации
Нумеричка оптимизација и апроксимации (2014)
Назив на студиската програма
Наставен план
Студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации на вториот циклус студии се состои од 3 задолжителни предмети, коишто се избираат од листа на задолжителни предмети (прв семестар, листа Г1) и 3 изборни предмети, коишто се избираат од поширока листа на изборни предмети (втор семестар, листа Г2), а којашто може да се дополнува со изборни предмети во зависност од изборот на областа на кандидатот и полето на научен интерес. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 7 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.
Прв семестар
Листа Г1
Втор семестар
Услови за запишување на студиите
На студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации имаат право на запишување лица кои:
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
Стручен/научен назив
Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерскиот труд и се стекнува со 60 ЕКТС кредити, согласно член 116 од Законот за високо образование на РМ и согласно член 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на УКИМ во Скопје, а според студиската програма се стекнува со соодветен назив и диплома:
Општи и специфични компетенции
Студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации нуди теоретска и практична основа за усвојување на солидни основни и напредни познавања од математичкото моделирање комбинирано со разбирање и користење на современи компјутерски апликации за решавање на математичките модели, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од практична природа. Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во индустријата, во секторите за планирање и операционен менаџмент, секторите за моделирање и симулации, секторот за софтверски развој и подршка, како истражувачи, аналитичари, консултанти и при статистичка обработка на податоци.
Координатор на студиската програма:
доц. д-р Ирена Стојковска
e-mail: irenatra@pmf.ukim.mk, irena.stojkovska@gmail.com
- Нумеричка оптимизација и апроксимации
- Master Studies in Numerical Optimization and Approximations / Англиски назив
Наставен план
Студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации на вториот циклус студии се состои од 3 задолжителни предмети, коишто се избираат од листа на задолжителни предмети (прв семестар, листа Г1) и 3 изборни предмети, коишто се избираат од поширока листа на изборни предмети (втор семестар, листа Г2), а којашто може да се дополнува со изборни предмети во зависност од изборот на областа на кандидатот и полето на научен интерес. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 7 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.
Прв семестар
- Изборен предмет 1 (7 кредити)
- Изборен предмет 2 (7 кредити)
- Изборен предмет 3 (7 кредити)
Листа Г1
- Моделирање и симулации
- Приближно решавање на диференцијални и парцијални равенки
- Стабилност во динамички системи
- Нумерички методи за оптимизација
- Интерполација и апроксимации
Втор семестар
- Изборен предмет 4 (7 кредити)
- Изборен предмет 5 (7 кредити)
- Изборен предмет 6 (7 кредити)
Услови за запишување на студиите
На студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации имаат право на запишување лица кои:
- завршиле прв циклус студии по математичко програмирање, теориска математика, математичка економија.
- завршиле прв циклус студии по, наставна математика, со претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
- завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска математика, наставна математика.
- завршиле прв циклус академски студии на некој од техничките факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
- завршиле прв циклус академски студии на други факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
- завршени сродни специјалистички студии од соодветно подрачје со евентуално полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
Стручен/научен назив
Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерскиот труд и се стекнува со 60 ЕКТС кредити, согласно член 116 од Законот за високо образование на РМ и согласно член 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на УКИМ во Скопје, а според студиската програма се стекнува со соодветен назив и диплома:
- Магистер по нумеричка оптимизација и апроксимации
- Master of Numerical Optimization and Approximations / Англиски транскрипт на називот
Општи и специфични компетенции
Студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации нуди теоретска и практична основа за усвојување на солидни основни и напредни познавања од математичкото моделирање комбинирано со разбирање и користење на современи компјутерски апликации за решавање на математичките модели, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од практична природа. Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во индустријата, во секторите за планирање и операционен менаџмент, секторите за моделирање и симулации, секторот за софтверски развој и подршка, како истражувачи, аналитичари, консултанти и при статистичка обработка на податоци.
Координатор на студиската програма:
доц. д-р Ирена Стојковска
e-mail: irenatra@pmf.ukim.mk, irena.stojkovska@gmail.com
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ