Документи за прв и втор циклус студии
Документи за првиот циклус студии
- Статус права и обврски на студентот
- Tраење на студиите и услови за запишување. Првиот циклус академски студии трае 4 години (8 семестри), а вториот циклус студии трае 2 семестри (1 година). Запишувањето на студиите по математика е согласно со законските решенија што важат во Република Македонија и на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
- Реализација на програмата. На студиите по математика студентите може да студираат редовно и вонредно. Програмата се реализира низ предавања, теориски и лабораториски вежби и семинари.
Документи за запишување на вториот циклус студии
- Задолжително електронско пријавување на студентите кои конкурираат за упис на втор циклус студии на www.upisi.ukim.edu.mk. Студентите кои веќе поднеле пријава во Архивата на ПМФ исто така треба да ја пополнат електронската пријава.
- Потребни документи за упис на вториот циклус студии
Кандидатот е должен да поднесе пријава за конкурирање за запишување на втор циклус студии во роковите утврдени во конкурсот, со назнака за која студиска програма конкурира. Покрај пријавата, кандидатот е должен да ги приложи сите документи утврдени во конкурсот.
- Пријава за конкурирање на втор циклус студии по математика
Документи и соопштенија за примените кандидати на вториот циклус студии
По примањето на кандидатите на втор циклус студии на ИМ, тие се должни да изберат предмети од листата предмети за првиот семестар. При уписот на вториот семестар студентот избира област под менторство на избран ментор и предмети од листата предмети за вториот семестар. Кандидатот, во договор со менторот, може да избере предмет(и) што не се од листата, а се во согласност со предложената област.
Магистерска работа
- Кандидатот, по положувањето на предвидените задолжителни и изборни предмети, предлага ментор и пријавува тема за магистерска работа во соработка со менторот. На предлог на Стручниот Совет на ИМ, Наставно-научниот совет на ПМФ му одредува на кандидатот ментор и тема за магистерска работа. За ментор се назначува наставник којшто е афирмиран во областа од која е магистерскиот труд.
- Информатор за II циклус студии на ИМ
- Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерската работа.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ