Почетна > Настава > Втор циклус студии > Акредитација 2014/2015 > Математички науки и примени (2014)
Математички науки и примени (2014)
На вториот циклус студии, во периодот од почетокот на учебната 2010/2011 година до учебната 2013/2014 година, беше акредитирана само насоката Математички науки и примени. Со последната акредитација од учебната 2014/2015 година, овие студии не претрпеа измени.
Назив на студиската програма
Наставен план
Студиската програма Математички науки и примени на вториот циклус студии се состои од 2 задолжителни предмети, коишто се избираат од листа на задолжителни предмети (прв семестар, листа А1) и 2 изборни предмети, коишто се избираат од поширока листа на изборни предмети (втор семестар, листа А2), а којашто може да се дополнува со изборни предмети во зависност од изборот на областа на кандидатот и полето на научен интерес. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.
Прв семестар
Листа А1
Втор семестар
Услови за запишување на студиите
На студиската програма математички науки и примени имаат право на запишување лица кои:
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
Стручен/научен назив
Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерскиот труд и се стекнува со 60 ЕКТС кредити, согласно член 116 од Законот за високо образование на РМ и согласно член 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на УКИМ во Скопје, а според студиската програма се стекнува со соодветен назив и диплома:
Општи и специфични компетенции
Студиската програма Математички науки и примени нуди теоретска основа за усвојување на напредни и сложени математички теории, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа. Магистрираните студенти можат да работат во основното, средното и високото образование, во научните институции и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна примена на математиката.
Студентите на вториот циклус преку оваа студиската програма ги развиваат своите апстрактни и аналитично-синтетични ментални способности, развиваат самостојност и потегнуваат иницијатива во решавањето на математички проблеми, но создаваат и критички однос кон материјата што ја изучуваат. Студентот се оспособува за продолжување на своето образование на третиот циклус студии на студиската програма по математички науки и примена, но и на други студиски програми, посебно онаму каде што математиката има примена, што е значајно за формирање на научен подмладок на универзитетите, но и на други институции.
Координатор на студиската програма:
проф. д-р Марија Оровчанец
e-mail: [email protected]
Контакт: 02/3249-813
- Математички науки и примени
- Mathematical Sciences and Applications / Англиски назив
Наставен план
Студиската програма Математички науки и примени на вториот циклус студии се состои од 2 задолжителни предмети, коишто се избираат од листа на задолжителни предмети (прв семестар, листа А1) и 2 изборни предмети, коишто се избираат од поширока листа на изборни предмети (втор семестар, листа А2), а којашто може да се дополнува со изборни предмети во зависност од изборот на областа на кандидатот и полето на научен интерес. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.
Прв семестар
- Изборен предмет 1 (10 кредити) од Листа А1
- Изборен предмет 2 (10 кредити) од Листа А1
Листа А1
- Неевклидски геометрии
- Одбрани делови од алгебра
- Одбрани делови од алгебарска топологија
- Одбрани делови од општа топологија
- Одбрани делови од функционална анализа
- Теорија на аналитички функции
- Теорија на веројатност
Втор семестар
- Изборен предмет 3 (10 кредити) од Листа А2
- Изборен предмет 4 (10 кредити) од Листа А2
Услови за запишување на студиите
На студиската програма математички науки и примени имаат право на запишување лица кои:
- завршиле прв циклус студии по теориска математика.
- завршиле прв циклус студии по наставна математика, математичко програмирање и математичка економија, под услов да ги имаат положено предметите: алгебра 2, анализа 3 и општа топологија, како задолжителни или изборни предмети од која било студиска програма по математика од првиот циклус студии. За кандидатите што не го исполнуваат овој услов, Колегиумот на вториот циклус студии ќе утврди термини за полагање на овие диференцијални испити.
- завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска или наставна математика.
- завршиле прв циклус академски студии на некој технички факултет или некој друг сроден факултет, со претходно полагање на диференцијалните испити наведени во претходната точка.
- завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје со претходно полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
Стручен/научен назив
Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерскиот труд и се стекнува со 60 ЕКТС кредити, согласно член 116 од Законот за високо образование на РМ и согласно член 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на УКИМ во Скопје, а според студиската програма се стекнува со соодветен назив и диплома:
- Магистер по математички науки и примени
- Master of Mathematical Sciences and Applications / Англиски транскрипт на називот
Општи и специфични компетенции
Студиската програма Математички науки и примени нуди теоретска основа за усвојување на напредни и сложени математички теории, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа. Магистрираните студенти можат да работат во основното, средното и високото образование, во научните институции и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна примена на математиката.
Студентите на вториот циклус преку оваа студиската програма ги развиваат своите апстрактни и аналитично-синтетични ментални способности, развиваат самостојност и потегнуваат иницијатива во решавањето на математички проблеми, но создаваат и критички однос кон материјата што ја изучуваат. Студентот се оспособува за продолжување на своето образование на третиот циклус студии на студиската програма по математички науки и примена, но и на други студиски програми, посебно онаму каде што математиката има примена, што е значајно за формирање на научен подмладок на универзитетите, но и на други институции.
Координатор на студиската програма:
проф. д-р Марија Оровчанец
e-mail: [email protected]
Контакт: 02/3249-813
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ