Трет циклус студии
- 11.1.2021 Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетски гласник 31.12.2020
- 10.12.2020 Конкурс за запишување на студенти на трет циклус - докторски студии, втор уписен рок за академската 2020/2021 заедно со Листа на слободни ментори за студиските програми на трет циклус – докторски студии
СОДРЖИНА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Воведувањето на третиот циклус - докторски студии како вистински студии со напуштање на досегашниот начин на стекнување докторат на науки, претставува една од најзначајните реформи во високото образование на Република Македонија, па оттаму, и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Траење на студиите
Докторските студии нa насоката Математички науки и примени траат три години, што изнесува 180 ЕКТС-кредити.
Наставен план
Студиските програми се состојат од:
1. обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
2. едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
3. пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120 ЕКТС-кредити.
4. Елаборат за студиската програма „Математички науки и пеимени“ на третиот циклус студии
5. Одлука за диференцијални испити за студиската програма „Математички науки и примени“ на третиот циклус студии
Обука за истражување
Раководител на студиите и Стручен совет

- три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити (сите предмети од оваа група изнесуваат 4 кредити), и тоа:
- предметот научноистражувачка етика
- еден предмет од групата предмети методологија на истражување
- еден предмет од понудената листа на други предмети од обуката за истражување, која по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии
- докторски семинари, конференции и работилници од истражувачка практика, што изнесува 18 ЕКТС-кредити.
Раководител на студиите и Стручен совет
- Раководител на третиот циклус студии е проф. д-р Ѓорѓи Маркоски
- Членови на Стручниот совет на школата за докторски студии
ИСТОРИЈА
Развојот на математиката како наука во Македонија датира од многу оддамна, уште од самите зачетоци на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Првиот доктор на науки кој докторирал на УКИМ е доктор на математички науки, академикот Благој Попов, кој ја одбранил својата докторска дисертација во 1952 година на тогашниот Филозофски факултет при УКИМ, на катедрата по математика, која подоцна прераснува во Институт за математика. Од тогаш, на Институтот за математика имаат докторирано солиден број докторанти. Ова е списокот на лицата што се стекнале со звањето доктор на математички науки на Институтот за метаматика:
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ