Математичко образование (2023)
- Решение за почеток со работа на студиската програма од втор циклус академски студии - постдипломски студии (60 ЕКТС) - Математичко образование на ПМФ во Скопје при УКИМ, Скопје (10.10.2023)
- Решение за акредитација на студиската програма Математичко образование од вториот циклус академски студии - постдипломски студии (60 ЕКТС) на ПМФ во Скопје при УКИМ во Скопје (15.9.2023)
- Елаборат - Математичко образование 2023/2024
Во учебната 2005/2006 година на постдипломските студии (стари студии, VII/2) на Институтот за математика се воведе насоката математичко образование, при што наставата се изведуваше во текот на 4 семестри. Оваа насока опстојуваше од академската 2005/2006 година до 2009/2010 година и за неа имаше голем интерес. Студиската програма по математичко образование за основно и средно училиште, што беше акредитирана за учебната 2014/2015 година, е наследник на оваа насока, но со ревидиран наставен план и изменети предметни програми. Насоката е реакредитирана без измени од учебната 2019/2020 год. и со мали измени во учебната 2023/2024 год.
Назив на студиската програма
Општи и специфични компетенции
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште нуди основа за висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа, што овозможува решавање на сложени задачи во областа на математичкото образование. Магистрираните студенти можат да работат во основното и средното образование, во институции за развој на образованието и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна знаења од областа на математичкото образование.
Студентите на вториот циклус преку оваа студиска програма ќе се стекнат со знаења и вештини коишто ќе придонесат кон нивно усовршување како наставници во основно или средно образование, но ќе им овозможат и успешно да се вклучат во разни владини и невладини организации поврзани со образовниот систем во Р. Македонија.
Услови за запишување на студиите
На студиската програма Математичко образование имаат право на запишување лица кои:
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
Стручен/научен назив
Наставен план
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште на вториот циклус студии се состои од 5 задолжителни предмети и 2 изборни предмети. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Предмети носат 8, 7 или 6 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.
Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.
- Математичко образование
- Master Studies in Mathematics Education / Англиски назив

- завршиле прв циклус студии по математика, сите насоки;
- завршиле двопредметни студии по математика – физика ;
- завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска или наставна математика;
- завршиле прв циклус академски студии на некој технички факултет или некој друг сроден факултет;
- завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје.
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
Стручен/научен назив
- Магистер по математичко образование
- Master of Mathematics Education / Англиски транскрипт на називот
Наставен план
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште на вториот циклус студии се состои од 5 задолжителни предмети и 2 изборни предмети. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Предмети носат 8, 7 или 6 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.
Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.
Структура на студиската програма
МАТЕМАТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
МАТЕМАТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Ред. бр. |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Фонд на часови |
ЕКТС |
1. |
МОЗ01 |
прв |
2+2 |
8 |
|
2. |
МОЗ02 |
прв |
2+2 |
8 |
|
3. |
МОЗ03 |
прв |
2+2 |
7 |
|
4. |
МОЗ04 |
прв |
2+2 |
7 |
|
5. |
МОЗ05 |
втор |
2+2 |
6 |
|
6. |
/ |
Изборен предмет * |
втор |
2+2 |
6 |
7. |
/ |
Изборен предмет |
втор |
2+2 |
6 |
8. |
/ |
Магистерска работа |
втор |
/ |
12 |
* Се избира еден предмет од листата изборни предмети означени со *.
Изборни предмети
Ред. бр. |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Фонд на часови |
ЕКТС |
Единица |
1. |
МОИ06 * |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
2. |
МОИ07 * |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
3. |
МОИ08 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
4. |
МОИ09 * |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
5. |
МОИ10 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
6. |
МОИ11 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
7. |
МОИ12 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
8. |
МОИ13 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
9. |
МОИ14 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
10. |
МОИ15 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
11. |
МОИ16 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
|
12. |
МОИ17 |
втор |
2+2 |
6 |
ПМФ |
Координатор на студиската програма:
Проф. д-р Валентина Миовска
e-mail: [email protected], [email protected]
тел: +389 2 3228 141 локал 136
Проф. д-р Валентина Миовска
e-mail: [email protected], [email protected]
тел: +389 2 3228 141 локал 136
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ