ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен кадар
    • Заводи >
      • Алгебра и геометрија
      • Анализа
      • Топологија
      • Применета математика
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Уписи / конкурси >
      • Документи / I, II, III
      • Стипендии за I циклус
      • Координатори
      • Студентски права
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Применета математика - MMO
        • Применета математика - МСАММЕ
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Меѓународна размена
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Студентска страница
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > За Институтот за математика > Заводи > Завод за алгебра и геометрија

Завод за алгебра и геометрија


Координатор:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Членови:
  • Проф. д-р Костадин Тренчевски
  • Проф. д-р Валентина Миовска
  • Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
  • Доц. д-р Валентина Гоговска
Историја
Заводот за алгебра и геометрија постои подолг период. Во рамките на Математичкиот факултет (1977-1984) постоеше Институт за алгебра и геометрија (Институт I), формиран на почетокот на 1980 година, заедно со другите два Института. Со преоѓањето на дел од наставниот кадар на Природно-математичкиот факултет во 1985 година, во Институтот за математика беше направена поделба на Завод за анализа и Завод за геометрија и топологија. Со Статутот на ПМФ од 8.11.2001 година на Институтот за математика се формираа 5 заводи, меѓу кои и Заводот за алгебра и геометрија. Главната дејност на Заводот за алгебра и геометрија е: одржување на настава по предмети од областите алгебра, геометрија и методика на наставата по математика и научна работа на неговите членови од соодветните области. Наставата од областа на алгебрата и геометријата опфаќа голем дел од вкупниот број на предмети од првиот циклус студии на Институтот за математика, како и на двопредметните студии по математика-физика. Тука спаѓаат предметите: множества и логика, алгебра 1, алгебра 2 и алгебра 3, линеарна алгебра 1 и линеарна алгебра 2, теорија на броеви, криптографија, геометрија, геометриски трансформации, векторска алгебра, аналитичка геометрија, проективна геометрија, диференцијална геометрија, нацртна геометрија, одбрани делови од геометрија и други, како и предмети од наставата на вториот циклус студии. Предметите од областа на алгебрата и геометријата се најчесто основа за изучување на голем број од останатите математички дисциплини. Наставата по математика во основните и средните училишта се состои главно од алгебра и геометрија, па затоа и студентите од наставната насока и од двопредметните студии по математика-физика, во најголем дел ги изучуваат овие дисциплини. Заводот има задача да предлага: комисии за оценка и одбрана на магистерски и докторски дисертации од соодветните области, комисии за избор и преизбор на наставници и соработници, да предлага наставни планови и програми, да организира семинари, предавања како и да учествува со свои предлози во разрешувањата на други прашања од дејноста на Институтот. 

Семинари

  • II циклус студии: Одбрани делови од алгебра (2010/2011, 2011/2012, 2012/2013)
  • II циклус студии: Универзална алгебра и примени (октомври и ноември 2012)
  • II циклус студии: Алгебарски n-арни структури (2010/2011)
  • II циклус студии: Диференцијална геометрија (2010/2011, 2012/2013)

Научни трудови по алгебра во Република Македонија, 1950-2007

Во рамките на проектите Алгебарски структури и Векторско вредносни структури (МАНУ, раководител: акад. Ѓорѓи Чупона) се работеше на Развојот на алгебрата во Република Македонија во периодот 1950-2007 година. Се изработи Библиографија од сите научни трудови по алгебра објавени во научни списанија во периодот од 1950 до 2007 година, од автори коишто работеле на универзитетите во република Македонија, пред се' на универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Собрани се сите трудови и уредени во тритомното издание со наслов Научни трудови по алгебра во Република Македонија, 1950-2007.

Уредувачки одбор: 

Ѓорѓи Чупона (раководител на проектите)
Наум Целкоски
Дончо Димовски
Биљана Јанева
Смиле Марковски

Техничка обработка:
Весна Целакоска-Јорданова
Валентина Миовска
Ѓорѓи Маркоски

Издавач: МАНУ
ISBN 978-9989-101-91-5

НАУЧНИ ТРУДОВИ

1950-1960 

1961-1970 
1971-1980 
1981-1990 
1991-2000 
2001-2007

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.