Процедура и урнек за изработка на дипломска работа
Упатство за дипломска работа (во важност од 26.11.2021)
Пријава за дипломска работа / НОВА! (PDF документ)
Пријава за дипломска работа / НОВА! (Word документ)
Пријава за дипломска работа / НОВА! (Word документ)
Барање за проверка на студентско досие (PDF документ)
Барање за проверка на студентско досие (Word документ)
Барање за проверка на студентско досие (Word документ)
Извештај за одбрана на дипломска работа (обврска на менторот) (PDF документ)
Извештај за одбрана на дипломска работа (обврска на менторот) (Word документ)
Извештај за одбрана на дипломска работа (обврска на менторот) (Word документ)
Процедура за пријавување дипломска работа / се однесува на студентот-кандидат
Процедурата за пријавување и полагање на дипломската работа е следната:
- Дипломската работа најрано може да се запише и да се внесе во ЕКТС формуларот на почетокот на осмиот семестар од соодветната учебна година. Тој предмет се запишува само еднаш и не се презапишува.
- Дипломската работа се работи под надзор на ментор кој е наставник избран во наставно-научно звање на
Факултетот. - Студентот може да ја пријави темата за изработка на дипломска работа по освоени најмалку 200 кредити.
- Студентот подига Пријава за дипломска работа од Студентската служба на ПМФ или ја симнува од интернет страницата на Институтот за математика. Пријава за дипломска работа
- Пријавата (дадена погоре) треба да се симне и да се пополни во договор со предметниот наставник (менторот) и да се завери во архивата на Факултетот. Менторот задолжително мора да ја потпише пријавата во знак на согласност. Му се препорачува на студентот да го слика архивскиот број на пријавата за натамошна употреба во Службата за студентски прашања.
- По положувањето на сите предмети предвидени со студиската програма (насока/модул), студентот поднесува Барање за проверка на студентското досие до Одделението за студентски прашања. Барањето може да се подигне од интернет страницата на Факултетот, односно Институтот, при што треба уредно да се пополни. Добиениот извештај од проверката на досието му се доставува на менторот на дипломската работа заедно со пријавата за испит (хартија) на денот на одбраната. Без доставен Извештај од проверката на досието, одбраната на дипломската работа нема да се спроведе, т.е. ќе се одложи.
- Постапката натаму ја води менторот. Студентот треба да добие Решение за изработка на тема за дипломска работа и Решение за избор на комисија за оценка и одбрана на дипломската работа. По одбраната на дипломската работа, Комисијата пополнува Извештај кој влегува во досието на студентот, заедно со пријавата за испит.
- На студентот му се заверува и пријавата за испит (стандардна пријава) со административна такса од 50МКД.
- На одбраната студентот задолжително носи: индекс, пријава за испит (хартија) и извештај од одделението за студентски прашања за проверено студентско досие.
Процедура за пријавување дипломска работа / се однесува на менторот
Решение за одобрување тема и определување ментор na дипломскa работа
Решение за избор на комисија за оценка и одбрана на дипломски труд
Образец за извештај за успешно одбранет дипломски труд
Решение за избор на комисија за оценка и одбрана на дипломски труд
Образец за извештај за успешно одбранет дипломски труд
Урнек за изработка на дипломска работа
- Урнек за дипломска работа (корица и поткорица) (Документот е во MS Word и препорачливо е да се работи врз него.)
- Урнек за литература (Документот е во MS Word и препорачливо е да се работи врз него, онака како што е посочено.)
- Урнек за содржина (Документот е во MS Word и препорачливо е да се работи врз него, онака како што е посочено.)
- Дипломската работа се изработува во А4 формат еднострано, нормални маргини (т.е. 25.4 мм одлево, оддесно, одозгора и одоздола), со проред Multiple 1.2, големина на букви 12. По избор може да се користи кирилична поддршка или фонтови (Mac C Times или Mac C Swiss). Формулите е пожелно да се пишуваат во MathType.
- Дипломската работа се доставува во 3 примероци (за комисијата). Примерокот за библиотеката на ИМ се поднесува во електронска форма, PDF, на следната e-mail адреса: [email protected]. Пожелно е кадидатот да има примерок и за себе.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ