Асс. м-р Кузман Аџиевски

Кузман Аџиевски е роден во Скопје во1949 година. Дипломирал на ПМФ во 1973 година на групата математика, а магистрирал на Математичкиот факултет во Скопје во 1982 година на тема Приближно пресметување на несвојствени интеграли со остатоци. Избран е за асистент на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1973 година. Со формирањето на Математичкиот факултет работел во заедничкиот состав, а потоа на ПМФ како асистент. На специјализација во САД престојувал од 1 септември 1989 до 31 август 1990, а потоа отишол на докторски студии во Синсинати, Охајо. Работниот однос му престанал на 1 јануари 1990. Докторирал во САД и сега предава на универзитет во САД.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ