Доц. д-р Лилјана Бабинкостова

Родена е во Ташкент на 8 февруари 1965 г. Од 1967 г. живее во Скопје, кадешто ги завршила основното и средното образование. Во учебната 1984/85 г. се запишала на Математичкиот факултет во Скопје. По дипломирањето, во учебната 1989/90 г. се запишала на постдипломски студии по математика, а од мај 1990 г. се вработила како стручен соработник на Институтот за математика при ПМФ. Од 1994 г. работела како помлад асистент на Институтот за математика. Држела вежби по повеќе предмети за студентите од институтите за математика, физика, географија и информатика на ПМФ, како и за студентите од Фармацевтскиот факултет. На 12.5.1997 г. го одбрани магистерскиот труд под наслов "Хомотопска класификација на бинарни слики". Наскоро по добивањето на докторската диплома, замина во САД од приватни причини и сега работи на Boise State University во САД.
Liljana Babinkostova, Associate Professor
Liljana Babinkostova, Associate Professor
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ