ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2022/2023 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2023/2024
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2023/2024 >
        • Математички науки и примени 2023
        • Математичко образование 2023
        • Применета математика - MMO 2023
        • Применета математика - МСАММЕ 2023
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени 2019
        • Математичко образование 2019
        • Применета математика - MMO 2019
        • Применета математика - МСАММЕ 2019
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени 2014
        • Математичко образование 2014
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации 2014
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Мобилност
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции >
      • Семинар „Математика и примени“
      • Конференции за образование
      • Манифестација „Ноември - месец на науката&ldq
      • Конференции, семинари, работилници
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Документи за I и II циклус >
      • Конкурси за упис >
        • Координатори
      • Правилници и постапки
      • Уписи / заверки
      • Календар на активности
      • Стипендии
      • Обрасци, барања, Iknow
    • Студентски живот >
      • Студентски организации
      • Студентски права
      • Правобранител на УКИМ
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Дипломска работа
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Прв семинар „Математика и примени“

Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016


Почитувани колеги, соработници и студенти,

Ве информираме дека книгите со трудови од Првиот семинар „Математика и примени“ и Работилницата „Математиката и предвидувањата“, настани од минатата 2016 година, се готови и публикувани. Книгите со тудови се дел од научно-популарната едиција Математички омнибус и се слободни за симнување. Може да ги најдете на следните страници:

http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-1.html
http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-2.html
​

Уредниците на овие изданија (проф. д-р Весна Целакоска - Јорданова и проф. д-р Ирена Стојковска) ја користат оваа прилика да им се заблагодарат на авторите и рецензентите на овие публикации за одличната соработка за време на нивната изработка.

Воедно го најавуваме Вториот семинар „Математика и примени“, кој се планира да се одржи во декември 2017 година. Следете ги соопштенијата на страницата: 
http://im-pmf.weebly.com/seminar-matematika-i-primeni.html
​

Од Уредниците
Проф. д-р Весна Целакоска - Јорданова
​Проф. д-р Ирена Стојковска
23.09.2017

​

Почитувани,

Ве известуваме дека презентациите, списокот на учесници и фотографиите од Првиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 14 декември 2016 година може да ги најдете на следните линкови:
  • Презентации од Семинарот (ПОИМ известува: Први семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
  • Список на учесници на Семинарот
  • Фотографии од Семинарот (Галерија на ИМ-ПМФ)

Во план е објава на статии со содржини презентирани на Семинарот. Статиите ќе бидат објавувани на порталот ПОИМ и во печатено издание „Математика и примени“.

До следното видување останете ни во добро здравје и залагајте се за почитување и практикување на математиката во Вашата блиска и поширока околина!

Со почит,
Координаторите на Семинарот
27.12.2016





​Координаторите на Семинарот и Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет, Скопје им се заблагодаруваат на сите оние кои можеа да дојдат да присуствуваат на Семинарот, и со своето присуство и активности да придонесат за што посвечено одбележување нa јубилејот - 70 години Природно-математички факултет, Скопје и Институт за математика.

Воедно ве информираме дека, во наредниот период, на оваа страница ќе биде објавенa листата со учесници на Семинарот, линк кон презентациите, како и линк кон фотографии од Семинарот.

Со почит,
Координаторите на Семинарот
15.12.2016
Picture
Picture




​С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани учесници на Семинарот,

Ова се термините за регистрација на учесниците на Првиот семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016, на денот на одржување на семинарот:
  • 9.30 - 9.50 - пред Математичкиот амфитеатар М-121
  • 11.40 - 11.50 - во Математичкиот амфитеатар М-121
  • 13.40 - 13.50 - во Математичкиот амфитеатар М-121

Регистрацијата подразбира потврда на Вашето присуство со евидентирање во листата на учесници на Семинарот. 

Со почит,
Координаторите на Семинарот
13.12.2016



​
С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани колеги, соработници и студенти,

На следниот линк може да пристапите кон Книгата со апстракти на Првиот семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016 година:
  • Книга со апстракти (овде можете да ја преземете верзијата за печатење)

Работата на Семинарот е јавна и отворена. Ве покануваме заедно да ги одбележиме 70-те години постоење на Природно-математичкиот факултет во Скопје и Институтот за математика.

​Ве потсетуваме да го најавите Вашето присуство на Семинарот кај м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com), најдоцна до 11 декември 2016 година. 

Со почит,
Координаторите на Семинарот
10.12.2016



​
С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани колеги, соработници и студенти,

На следниот линк може да пристапите кон Програмата на Првиот семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016 година:
  • Програма
Апстрактите на предавањата ќе бидат наскоро објавени.

Воедно Ве повикуваме да го најавите Вашето присуство кај м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com), најдоцна до 11 декември 2016 година. 

Со почит,
Координаторите на Семинарот
07.12.2016




С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани колеги, соработници и студенти,

Ве известуваме дека рокот за поднесување на апстракти за Првиот семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016 година, се продолжува за два дена. Новиот краен рок за поднесување на апстракти е 2 декември 2016 година.

​Вашиот предлог наслов и апстракт може да ги пратите на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Апстрактот треба да е напишан во Word документ и да содржи од 100 до 200 зборови.

Со почит,
Координаторите на Семинарот
28.11.2016



​
С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани колеги, соработници и студенти,

Ве известуваме дека најавениот Прв семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 14 декември 2016 година, на Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Семинарот се организира во чест на 70 години од основањето на Институтот за математика.

Предавањата на Семинарот ќе бидат од научно-популарен карактер од областа на чистата и применетата математика, како и предавања од областа на наставата по математика во основно и средно училиште.   
​
Работата на Семинарот ќе биде јавна и отворена. На Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврерзитетските наставници, наставниците во средните и основните училишта, студентите, учениците, претставниците од индустрискиот сектор. На присутните ќе им бидат доделени и признанија (сертификати) за учество.

Доколку се одлучите да учествувате на Семинарот како предавач, потребно е да пратите предлог наслов и апстракт од Вашето предавање, најдоцна до 30 ноември 2016 година, на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Апстрактот треба да е напишан во Word документ и да содржи од 100 до 200 зборови. Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 или 30 минути.

Авторите на изложените трудови на Семинарот ќе имат можност да ги објават трудовите на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ или во печатено издание „Математика и примени“ со трудови од областа на математиката и нејзините примени.

Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да и' оддадеме признание на математичката традиција во Македонија, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.
​
Главен координатор на семинарот: 
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Координатори на семинарот:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])
M-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com)

Со почит,
Координаторите на Семинарот
02.11.2016


​

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани колеги, соработници и студенти,

Ви најавуваме дека на почетокот од месец декември 2016 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет, Скопје, ќе се организира првиот семинар од научно-популарен карактер по „Математика и примени“. Семинарот се организира во чест на 70 години од основањето на Институтот за математика.

Работата на семинарот ќе биде јавна и отворена не само за математичарите од Институтот за математика, туку и од другите факултети и универзитети, како и за наставниците од основните и средните училишта, поранешните и сегашните студенти на Институтот за математика и другите факултети.

Главна цел на семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите и математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можностите за идни истражувања во полето на математичките науки и нејзините примени.

Ве покануваме да учествувате на семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да и' оддадеме признание на математичката традиција во Македонија, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.
​
Наскоро ќе биде објавен и точниот датум на семинарот, како и рокот за испраќање насловите и апстрактите на вашите предавања.

Главен координатор на семинарот: 
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Координатори на семинарот:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])
M-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com)

Со почит,
Институт за математика
26.10.2016
Работилницa, претходник на семинарите „Математика и примени“:​
  • Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
Picture
Симни леток (pdf)

  • Програма
  • Книга со апстракти​
  • Презентации
  • Список на учесници
  • ​Фотографии
  • Трудови од Семинарот

Важни датуми:
2 декември 2016 - краен рок за поднесување на апстракти
14 декември 2016 - ден на одржување на Семинарот

Области:
  • научно-популарни предавања од чиста и применета математика
  • предавања за наставата по математика

Право на учество:
  • наставници (универзитетски, од средните училишта, од основните училишта)
  • студенти и ученици
  • претставници од индустрискиот сектор

Признанија (сертификати) за учество:
  • за предавачите
  • за слушателите

Можност за публикација:
  • математички портал на Институтот за математика - ПОИМ
  • печатено издание „Математика и примени“ со трудови презентирани на Семинарот

Цели на Семинарот:
  • промовирање на математичките науки меѓу младите
  • математичка наобразба на јавноста
  • преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени
  • насоки и можности за идни истражувања во полето на математичките науки и нејзините примени
​
Главен координатор на Семинарот: 
Проф. д-р Ирена Стојковска 

Координатори на Семинарот:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова 
M-р Марко Димовски 

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.