Проф. д-р Смилка Здравковска

Смилка Здравковска е родена во 1947 г. во Скопје. Неколку пати била победник на градските и републичките натпревари по математика. Во 1964/65 се запишала на Механичко-математичкиот факултет во Москва и дипломирала во 1969. По враќањето во Скопје се вработила во Универзитетскиот математички институт и се запишала на магистерски студии. Во јануари 1971 , заминала на специјализација во манчестер, Англија. Во октомври 1973 ја одбранила докторската дисертација со наслов Тополошки објекти во теоријата на хомотопијата. Во јануари 1974 се вратила на работа во Математичкиот институт на УКИМ во Скопје и во истата година прво била избрана за научен соработник, а потоа за хонорарен доцент. За вонреден професор била избрана во 1979 г. Во септември 1979 г. заминала во САД каде што еден семестар работела на Универзитетот во флорида во Гринсвил, а потоа подолго време работи во реферативното списание Мathematical Reviews.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ