ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2022/2023 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2023/2024
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2023/2024 >
        • Математички науки и примени 2023
        • Математичко образование 2023
        • Применета математика - MMO 2023
        • Применета математика - МСАММЕ 2023
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени 2019
        • Математичко образование 2019
        • Применета математика - MMO 2019
        • Применета математика - МСАММЕ 2019
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени 2014
        • Математичко образование 2014
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации 2014
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Мобилност
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции >
      • Семинар „Математика и примени“
      • Конференции за образование
      • Манифестација „Ноември - месец на науката&ldq
      • Конференции, семинари, работилници
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Документи за I и II циклус >
      • Конкурси за упис >
        • Координатори
      • Правилници и постапки
      • Уписи / заверки
      • Календар на активности
      • Стипендии
      • Обрасци, барања, Iknow
    • Студентски живот >
      • Студентски организации
      • Студентски права
      • Правобранител на УКИМ
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Дипломска работа
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > За Институтот за математика > Кадар > Поранешен наставен кадар > Живко Мадевски

Проф. д-р Живко Мадевски


Picture
Роден на 12 октомври 1929 г. во Куманово. По завршувањето на средното образование во родното место се запишал на студии по математика на Филозофскиот факултет во Скопје и со успех ги завршил во 1954 г. По дипломирањето работел како професор по математика во гимназиите во Скопје и во Гостивар. Во текот на 1956 г. бил избран за асистент на Инсти­тутот за математика, каде што работи сè до 1.10.1995 г., кога заминал во пензија како редовен професор. Учебните години 1960/61 (делумно) и 1961/62 ги поминува во Безансон, Франција, како стипендист на Француската влада и на тамошниот Природно-математички факултет се стекнал со сертификат од III степен по небеска механика. Во 1973 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје ја одбранил сво­јата докторска дисертација "Некои методи за добивање релации меѓу елементите од еден триаголник". Како асистент се вклучил во наставата на Институтот и водел вежби по повеќе предмети, а по изборот за наставник во 1964 г. изведувал наставата по теориска механика, аналитичка геометрија, линеарна алгебра и други, а повремено гостувал како наставник и на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје. Тој е извон­реден методичар, дидактичар, педагог, автор или коавтор на повеќе (околу петнаесет) учебници за основното и за средното образование. Во научноистражувачката работа неговите интересирања се насочени најнапред кон алгебрата, потоа кон небеската механика (каде што, главно, го проучува проблемот на три тела). Во геометријата посебно се интересира за геометриските неравенства, област од која е и неговата докторска дисертација. Од сите области има објавено повеќе трудови. Општествената ангажираност на проф. Мадевски, којашто е мошне забележителна, и е сврзана пред сè, со неговата стручно-педагошка дејност. Тој стручно бил многу активен во Друштвото на математичарите (бил претседател на Друштвото, повеќегодишен член на неговото раководство, организатор на натпревари, еден од организаторите и повеќепати предавач на Школата за млади математичари), Педагошкиот завод (надворешен соработник - увиди, наставни програми, предавач на курсеви итн.),"Просветно дело" (автор на учебници, рецензент и референт на повеќе учебници итн.). Забележително е и неговото учество во органите и комисиите на Универзитетот и Факултетот (член на Универзитетскиот совет, член и претседател на Советот на Факултетот, декан на Математичкиот факултет, директор на Математичкиот институт итн.). Бил член и претседател на Републичкиот педагошки совет. За повеќегодишната работа и за општествената ангажираност добитник е на наградата "Климент Охридски", а одликуван е и со Орден на трудот со сребрен венец и со Орден на трудот со златен венец. Почина на 9 јули 2018 година во Скопје.


Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.