ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи >
      • Алгебра и геометрија
      • Анализа
      • Топологија
      • Применета математика
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Уписи / конкурси >
      • Документи / I, II, III
      • Стипендии
      • Координатори
      • Студентски права
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Применета математика - MMO
        • Применета математика - МСАММЕ
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени
        • Математичко образование
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Меѓународна размена
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Студентска страница
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Наука > Конференции > Манифестација „Ноември - Месец на науката“ > „Ноември - Месец на науката“ 2018

Манифестација за популаризација на природните науки
​„Ноември - Месец на науката“, 10-24 ноември 2018


8.5.2019

​Започна објавувањето статии произлезени од презентираните експерименти по математика на манифестацијата „Ноември - Месец на науката“ во 2017 и 2018


​
27.11.2018

На Природно-математичкиот факултет во текот на месец ноември 2018 година по трет пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември - Месец на науката“ 2018 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Бевме сведоци дека сите убаво се забавуваа, презентираа тоа што имаа подготвено, по нешто ново научија, а најуспешните беа и наградени. Прочитајте повеќе за овој настан во најновиот текст на ПОИМ на следниот линк http://poim-pmf.weebly.com/noemvri-mesec-na-naukata-2018.html


​

Соопштение
19.11.2018
(Превземено од https://biologija.yolasite.com/)

Почитувани ученици и наставници, Програмата за 24. ноември 2018 може да ја видите ТУКА.
За третиот ден од Ноември-Месец на науката 2018, пријавени се ученици од прва, втора, трета и четврта година, за изведување на вкупно 128 експерименти од областа на хемија (66), биологија (46), географија (5) и математика (11). 

Распоредот на учесниците по работни места, според категорија (година) можете да го видите ТУКА. Пријавените ученици и наставници задолжително да се регистрираат во периодот од 08:30 до 09:30 ч. Во овој период учесниците се сместуваат на работните места како што е наведено во распоредот (ТУКА). Учениците треба да ги постават своите експерименти на означените места дадени во списокот.

  • Времето предвидено за изведување на еден експеримент со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 минути. Потребниот прибор го обезбедуваат самите учесници.
  • Посетата на лаборатории (наведени во програмата) е дозволено за сите регистрирани учесници. Учесниците ќе може да се пријават за посета на лаборатории од соодветната област (математика, географија, биологија и хемија) при самото регистирање.

​Со почит,
Организаторите на манифестацијата,
Македонско биолошко друштво - МБД
Сојуз на хемичари и технолози на Македонија - СХТМ
Сојуз на математичари на Македонија - СММ
Македонско географско друштво - МГД 
Македонско астрономско друштво - МАД
Скопско астономско друштво - САД
Македонско еколошко друштво - МЕД
Истражувачко друштво на студенти биолози - ИДСБ
Истражувачко здружение на студенти географи - ИЗСГ Природник
Природно-математички факултет – ПМФ, УКИМ, Скопје


​
Соопштение
12.11.2018
(Превземено од https://biologija.yolasite.com/)

Почитувани ученици и наставници, Програмата за 17. ноември 2018 може да ја видите ТУКА.
За вториот ден од Ноември-Месец на науката 2018, пријавени се ученици од 7мо, 8мо и 9то одделение за изведување на вкупно 221 експеримент од областа на хемија (124), биологија (59), географија (11) и математика (27). 

Распоредот на учесниците по работни места, според категорија (одделение) можете да го видите ТУКА. Пријавените ученици и наставници задолжително да се регистрираат во периодот од 08:30 до 09:30 ч. Во овој период учесниците се сместуваат на работните места како што е наведено во распоредот (ТУКА). Учениците треба да ги постават своите експерименти на означените места дадени во списокот, а не по сопствен избор.

  • Времето предвидено за изведување на еден експеримент со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 минути. Потребниот прибор го обезбедуваат самите учесници.
  • Натпреварувачите остануваат до 13 часот на своите места за да може посетителите и другите учесници да ги погледнат нивните експерименти.
  • Посетата на лаборатории (наведени во програмата) е дозволено за сите регистрирани учесници. Учесниците ќе може да се пријават за посета на лаборатории при самото регистирање.

Со почит,
МБД во име на организаторите


​
Соопштение
29.10.2018
(Превземено од https://biologija.yolasite.com/)

Почитувани ученици и наставници, Програмата за 10. ноември 2018 може да ја видите ТУКА.
За првиот ден од Ноември-Месец на науката 2018, пријавени се ученици од прво до шесто одделение за изведување на вкупно 145 експерименти од областа на природните науки (137) и математиката (8).

Распоредот на учесниците по работни места, според категорија (одделение) можете да го видите ТУКА. Пријавените ученици и наставници задолжително да се регистрираат во периодот од 08:30 до 09:30 ч. Во овој период учесниците се сместуваат на работните места како што е наведено во распоредот (ТУКА). Учениците треба да ги постават своите експерименти на означените места дадени во списокот, а не по сопствен избор.

  • Времето предвидено за изведување на еден експеримент со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 минути. Потребниот прибор го обезбедуваат самите учесници.
  • Натпреварувачите остануваат до 13 часот на своите места за да може посетителите и другите учесници да ги погледнат нивните експерименти.
  • Учеството на Работилниците (наведени во програмата) е дозволено за сите регистрирани учесници. Учесниците ќе може да се пријават за Работилниците при самото регистирање.

Со почит,
МБД во име на организаторите



Соопштение
29.10.2018
(Преземено од https://biologija.yolasite.com/)

Почитувани, 

По барање на менторите и родителите, го продолжуваме рокот за уплата на котизација за манифестацијата „Месец на науката“ за сите категории - до 2. ноември (петок). 
  • за секој ученик–учесник - 300 денари
  • за наставник или ментор-учесник – 300 денари за еден ден од настанот.

МБД во име на организаторите на настанот. 



Соопштение
24.10.2018
(Преземено од https://biologija.yolasite.com/)

Почитувани ученици и наставници,

Ве известуваме дека заврши рокот за пријавување и испраќање описи на демонстрации за учесниците од 1. до 6. одд (за 10. ноември) и за учесниците  од 7. до 9. одд. (за 17. ноември).

Преостанува испраќање описи на демонстрации за учесниците од I до IV год.  (за 24. ноември) до 26. октомври.

Изразуваме благодарност на сите ученици, ментори и наставници коишто со своите експерименти, модели, симулации, истражувања, презентации или учество се вклучуваат во манифестацијата Ноември-Месец на науката 2018.

Ве потсетуваме на следниве информации:
  • Сите предвидени активности ќе бидат реализирани на Природно-математичкиот факултет (горна зграда).  
  • Времето предвидено за изведување на еден експеримент со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 мин.
  • Учесниците што изведуваат експерименти треба да бидат присутни на означените работни места во периодот од 10 до 13 ч.
  • Наставниците коишто се претставуваат со тема во врска со нивната наставна практика, подготвуваат презентација и времето на презентирање е 10−15 мин.).
  • Стручно/ научно-популарните предавања се отворени за сите регистрирани учесници.

Ве известуваме дека рокот за уплаќање на котизација е 26.октомври 2018 год.
  • за секој ученик–учесник - 300 денари
  • за наставник или ментор-учесник – 300 денари за еден ден од настанот.

По овој ден (од 27.октомври 2018 год.) важи котизација од 500 ден. за еден учесник (наставник/ментор/ученик).

Во наредните денови ќе биде објавена конечната програма, а ќе бидат објавени и списоци со регистрирани учесници за првиот викенд (10.октомври).

Дополнителни информации во врска со организацијата и реализацијата на настанот ќе бидат испратени директно до учесниците (преку менторите).

Со почит, 
МБД во име на организаторите на манифестацијата


​
Соопштение
15.10.2018
(Превземено од https://biologija.yolasite.com/)

Продолжување на рокот за пријавување

Почитувани,  

За да излеземе во пресрет на сите заинтересирани за овој настан, по барање на повеќемина наставници, рокот за пријавување за учество на манифестацијата за сите категории (ученици од I до VI одд.; ученици од VII до IX одд.; ученици од I до IV година) се продолжува до 19. октомври 2018 година, до 15 часот.  

Електронскиот формулар е достапен ТУКА
*Во формуларот е неопходно да го пополните полето ‚‚наслов на експеримент/демонстрација‘‘

Потсетуваме за роковите за доставување опис на експеримент/демонстрација:
​
  • 19. октомври 2017 – за ученици од I до VI одд. (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 22. октомври 2017 –за ученици од основно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 22. октомври 2017 –за наставници од основно образование – презентација за ментори (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 26. октомври 2017 – за ученици од средно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 26. октомври 2017 –за наставници од средно образование  – презентација за ментори (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)  и 
  • 26. октомври 2017 – уплата на котизација – за сите категории регистрирани учесници.

Ве молиме да се почитуваат наведените термини. Пријави и уплати по овие датуми нема да бидат земени предвид и учесниците го губат правото на учество на настанот. 

Ве информираме дека досега преку електронскиот формулар се регистрирани над 800 учесници за оваа манифестација.

МБД во име на организаторите се заблагодарува за покажаниот интерес, желбата за истражување, за проширување на знаењата и стекнување на нови пријателства. 

​Со почит, 
МБД во име на организаторите на настанот


​
Соопштение
13.09.2018

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:
• 10. ноември за ученици од I-VI одделение
• 17. ноември за ученици од VII-IX одделение и
• 24. ноември за ученици од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани:
- научно-популарни предавања,
- натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),
- презентации на искуства од наставници,
- работилници,
- посета на лаборатории на ПМФ и
- други активности.

*Делот од настанот „Ноември - месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10. ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org).

За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (петок) 2018 година со пополнување на електронска пријава на: https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА).

Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).
​
Еден експеримент се изведува од еден или најмногу двајца ученици.
Во формуларите, покрај учениците се пријавуваат и менторите со пополнување на следните формулари:
- пријава за експерименти 10. ноември за ученици од I-VI одделение
- пријава за експерименти 17. ноември за ученици од VII-IX одделение
- пријава за експерименти 24. ноември за ученици од I-IV година
.
Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.

Пополнувањето на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) кој може да го најдете на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна
- до 15. октомври (за основно - I - VI одд.)
- до 22. октомври (за основно - VII, VIII и IX одд.) и
- до 26. октомври (за средно).

За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com.

Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) (пример уплатница е дадена на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:
• за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент. Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
• за наставник – 300 денари.

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември - месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори.

ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!

Со почит,
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ
Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
​Моника Димиќ, претседател на ИДСБ
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ


​
​Претходни манифестации „Ноември - Месец на науката“:
  • „Ноември - Месец на науката“ 2017 (11-26 ноември 2017)
Picture
19.11.2018, Програма за 24. ноември 2018 (PDF)
​19.11.2018, Распоред на учесниците за 24. ноември 2018 (PDF)
12.11.2018, Програма за 17. ноември 2018 (PDF)
​12.11.2018, Распоред на учесниците за 17. ноември 2018 (PDF)
29.10.2018, Програма за 10. ноември 2018 (PDF)
​
29.10.2018, Распоред на учесниците за 10. ноември 2018 (PDF)
13.09.2018, ​​Прво соопштение Ноември - месец на науката 2018 (PDF) 
*) Активностите од областа на математиката во рамки на манифестацијата „Ноември - месецот на науката“ 2018 се поддржани од стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје  со наслов „Популаризација на математиката“. ​

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.