ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2022/2023 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2023/2024
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2023/2024 >
        • Математички науки и примени 2023
        • Математичко образование 2023
        • Применета математика - MMO 2023
        • Применета математика - МСАММЕ 2023
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени 2019
        • Математичко образование 2019
        • Применета математика - MMO 2019
        • Применета математика - МСАММЕ 2019
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени 2014
        • Математичко образование 2014
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации 2014
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Мобилност
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции >
      • Семинар „Математика и примени“
      • Конференции за образование
      • Манифестација „Ноември - месец на науката&ldq
      • Конференции, семинари, работилници
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Документи за I и II циклус >
      • Конкурси за упис >
        • Координатори
      • Правилници и постапки
      • Уписи / заверки
      • Календар на активности
      • Стипендии
      • Обрасци, барања, Iknow
    • Студентски живот >
      • Студентски организации
      • Студентски права
      • Правобранител на УКИМ
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Дипломска работа
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Втор семинар „Математика и примени“

Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017


Почитувани,

Ве информираме дека ја објавивме новата научно-популарна публикација во рамки на едицијата Математички омнибус - Книга 4: Трудови за наставата по математика од Вториот семинар „Математика и примени“ кон која може да пристапите преку следниот линк

http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-4.html

Уредниците на книгата ја користат оваа прилика да им заблагодарат на авторите и рецензентите за одличната соработа за време на создавањето на оваа книга.

Од Уредниците
Проф. д-р Весна Целакоска - Јорданова
​Проф. д-р Ирена Стојковска
24.09.2018

​
​
Почитувани,

Ве информираме дека ја објавивме новата научно-популарна публикација во рамки на едицијата Математички омнибус - Книга 3: Научно-популарни трудови од Вториот семинар „Математика и примени“ кон која може да пристапите преку следниот линк

http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-3.html

Уредниците на книгата ја користат оваа прилика да им заблагодарат на авторите и рецензентите за одличната соработа за време на создавањето на оваа книга.

Од Уредниците
Проф. д-р Весна Целакоска - Јорданова
​Проф. д-р Ирена Стојковска
29.08.2018

​
​
Почитувани,

Ве известуваме дека презентациите, завршната листа на учесници и фотографиите од Вториот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 6-7 декември 2017 година може да ги најдете на следните линкови:
  • Презентации од Семинарот (ПОИМ известува: Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017)
  • Завршна листа на учесници 
  • Фотографии од Семинарот (Галерија на ИМ-ПМФ)

Во план е објава на статии со содржини презентирани на Семинарот. Статиите ќе бидат објавувани на порталот ПОИМ и во печатено издание од едицијата Математички омнибус.

До следното видување останете ни во добро здравје и залагајте се за почитување и практикување на математиката во Вашата блиска и поширока околина!

Со почит,
Координаторите на Семинарот
18.12.2017


​
Драги учесници на Семинарот,

Ви заблагодаруваме за вашиот интерес и присуство на Вториот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 6 и 7 декември 2017 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Се надеваме дека секој од вас си замина со уште едно позитивно искуство, а математиката доби верни следбеници.  

Во наредниот период, на оваа страница, очекувајте да објавиме линкови до фотографии од Семинарот и линкови до презентации на одржаните предавања на Семинарот.

Со почит,
Координаторите на Семинарот
​07.12.2017
Picture
Picture
С О О П Ш Т Е Н И Е
(04.12.2017)

Почитувани учесници на Семинарот,

Ве известуваме дека планираните термини за регистрација на посетителите за време на одржување на Семинарот најавени со Програмата, термините од 9 до 10 часот во секој од двата дена на одржување на Семинарот, ги прошируваме со додавање на два нови дополнителни термини за време на паузите меѓу сесиите. Значи, посетителите на Семинарот ќе може да го регистрираат своето писутво во следниве термини:
  • 9:00 - 10:00 часот
  • 11:40 - 12:00 часот
  • 13:10 - 13:30 часот
во секој од деновите на одржување на Семинарот.

​Местото за регистрација ќе биде во холот пред Математичкиот амфитеатар.
 ​
Со почит,
Координаторите на Семинарот
​

​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(03.12.2017)

Почитувани колеги и учесници на Семинарот,

​На следниот линк може да пристапите кон Книгата со апстракти на Вториот семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017 година:
  • Книга со апстракти (Втор семинар „Математика и примени“ 6-7 декември 2017)
  • Книга со апстракти (верзија за печатење)
​
Со почит,
Координаторите на Семинарот
​

​
С О О П Ш Т Е Н И Е(30.11.2017)

Почитувани колеги и учесници на Семинарот,

​На следниот линк може да пристапите кон Програмата на Вториот семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017 година:
  • Програма (Втор семинар „Математика и примени“ 6-7 декември 2017)
како и до листата на регистрирани учесници.
  • ​Листа на регистрирани учесници
Апстрактите на предавањата ќе бидат наскоро објавени.

Воедно Ве потсетуваме дека 3 декември 2017 година е крајниот рок за on-line регистрација за учество на Семинарот. 

Со почит,
Координаторите на Семинарот


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(09.10.2017)

Почитувани колеги, соработници и студенти,

Ви го најавуваме Вториот семинар „Математика и примени“ кој ќе се одржи на 6 и 7 декември 2017 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

И овогодишните цели на Семинарот се: промовирање на математичките науки меѓу младите, математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можности за идни истражувања.

Предавањата на Семинарот ќе бидат научно-популарни предавања од чистата и применета математика, како и предавања за изведувањето настава по математика во основно и средно училиште.

Работата на Семинарот ќе биде јавна и отворена. На Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврзитетските наставници, наставниците во средните и основните училишта, студентите, учениците, претставниците од индустрискиот сектор. Вашето присуство задолжително треба да го најавите најдоцна до 3 декември 2017 година со пополнување на контакт формата за регистрација на следниот линк:
http://im-pmf.weebly.com/vtor-seminar-matematika-i-primeni-registracija.html 

Учесниците на семинарот (предавачи и слушатели) ќе добијат сертификат за учество.

​Заинтересираните предавачи на Семинарот, треба да пратат предлог наслов и апстракт од предавањето, најдоцна до 25 ноември 2017 година, на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 или 30 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: urnek_za_apstrakt_mip2017-1.doc. 

Авторите на изложените предавањата на Семинарот ќе имат можност да ги објават трудовите на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ или во печатено издание од едицијата Математички омнибус со трудови презентирани на семинарот. Трудовите за објавување во печатеното издание треба да се пратат најдоцна до 31 јануари 2018 година, на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Урнекот за трудот може да го симнете одовде: urnek_za_trud_mip2017-1.doc. 

Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да и' оддадеме признание на математичката традиција во Македонија, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.

​Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])
Ас. м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com)
​

Претходни семинари „Математика и примени“:​
  • Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
Работилницa, претходник на семинарите „Математика и примени“:​
  • Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
Picture
Симни леток (pdf)

Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017 (главна страница)
  • ​​Трудови од Семинарот
  • Презентации
  • Фотографии
  • Завршна листа на учесници 
  • Листа на регистрирани учесници
  • Програма
  • Книга со апстракти
Важни датуми:
25 ноември 2017 - краен рок за поднесување апстракти.

3 декември 2017 - краен рок за on-line регистрација за учество на Семинарот.
​РЕГИСТРАЦИЈАТА ЗАВРШИ

6-7 декември 2017 - денови на одржување на Семинарот

31 јануари 2018 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. 

​Главен координатор: 
Проф. д-р Ирена Стојковска 

Координатори:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова 
Ас. м-р Марко Димовски 

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.