ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2022/2023 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2023/2024
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2023/2024 >
        • Математички науки и примени 2023
        • Математичко образование 2023
        • Применета математика - MMO 2023
        • Применета математика - МСАММЕ 2023
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени 2019
        • Математичко образование 2019
        • Применета математика - MMO 2019
        • Применета математика - МСАММЕ 2019
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени 2014
        • Математичко образование 2014
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации 2014
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Мобилност
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции >
      • Семинар „Математика и примени“
      • Конференции за образование
      • Манифестација „Ноември - месец на науката&ldq
      • Конференции, семинари, работилници
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Документи за I и II циклус >
      • Конкурси за упис >
        • Координатори
      • Правилници и постапки
      • Уписи / заверки
      • Календар на активности
      • Стипендии
      • Обрасци, барања, Iknow
    • Студентски живот >
      • Студентски организации
      • Студентски права
      • Правобранител на УКИМ
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Дипломска работа
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Четврти семинар „Математика и примени“

Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019


Почитувани,

Ве известуваме дека книгите со трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа во декември 2019 година се публикувани. Кон нив може да пристапите преку следните линкови:

Книга 7 - Научно-популарни трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“
http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-7.html
Книга 8 - Трудови за наставата по математика од Четвртиот семинар „Математика и примени“
http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-8.html

На авторите на трудовите и рецензентите на книгите им благодариме за високата професионалност. Нивната несебична соработка е најмногу заслужна за сегашниот изглед на книгите.

Да се потсетиме дека, пред четири години, во декември 2016 година, во чест на 70-годишнината од постоењето на Природно-математичкиот факултет во Скопје и Институтот за математика, го одржавме Првиот семинар „Математика и примени“ со научно-популарни предавања и предававања за наставата по математика. Од тогаш, редовно, секоја година, организиравме семинари во декември во чест на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.

Оваа учебна 2020/2021 година, Петтиот семинар „Математика и примени“ се планира да се одржи во март 2021 година. За сите понатамошни информации за Петтиот семинар следете ги објавите на страницата на семинарите „Математика и примени“
http://im-pmf.weebly.com/seminar-matematika-i-primeni.html

Со почит,
Проф. д-р Ирена Стојковска и Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова,
Координатори на Семинарот и Уредници на едицијата Математички омнибус
17.12.2020



ПОИМ известува: Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019

Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје веќе четири години по ред ги организира  семинарите „Математика и примени“. Четвртиот семинар „Математика и примени“, кој се одржа на 13 и 14 декември 2019 година, се  изведува во рамки на стручно-апликативниот проект на Природно-математичкиот факултет „Популаризација на математиката“. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика. На семинарот беа одржани 19 предавања, а присуствуваа околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци. Повеќе информации за одржаниот семинар ќе најдете на следниот линк:
http://poim-pmf.weebly.com/cetvrti-seminar-matematika-i-primeni-mip2019.html
До гледање до следниот семинар!

Од Координаторите на Семинарот
​27.12.2019



Драги учесници на Семинарот,

Ви благодариме за вашето присуство на Четвртиот семинар „Математика и примени“ 13-14 декември 2019 година. Се надеваме дека овие два дена ќе ви останат долго во пријатно сеќавање! 
Во продолжение, Четвртиот семинар, низ неколку слики.

Од Координаторите на Семинарот
14.12.2019
С О О П Ш Т Е Н И Е
(12.12.2019)

Почитувани,

Ве информираме дека местата за регистрација за Четвртиот семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019, ќе бидат отворени во текот на двата дена на одржување на семинарот во времето според програмата предвидено за регистрација, но и за време на паузите, односно во следниве термини:
ПЕТОК, 13.12.2019
  • ​ 8:30-9:30
  • 11:10-11:40
САБОТА, 14.12.2019
  • 9:30-10:00
  • 11:10-11:40
Учесниците на Семинарот се регистрираат лично.

Од координаторите на Семинарот



С О О П Ш Т Е Н И Е
(3.12.2019)

Почитувани,

Регистрацијата е завршена. Ви благодариме на интертесот за Семинарот. 

Сите оние кои се регистрираа навремено го продолжуваме рокот за уплата на котизација за семинарот до 4 декември 2019 година (среда) до кога треба да испратат и копија од извршената уплата.


Од Координаторите на Семинарот


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(2.12.2019)

Почитувани,

​На следниот линк може да пристапите кон книгата со апстракти од предавањата на Четвртиот семинар „Математика и примени“ 13-14 декември 2019 година:
  • Книга со апстракти
​Воедно изразуваме благодараност до Просветно дело АД Скопје, генералниот поддржувач на настанот кои ни помагаат во подготовките за претстојниот семинар.

Ве очекуваме!

Од Координаторите на Семинарот​​
Picture
С О О П Ш Т Е Н И Е
(29.11.2019)

Почитувани,

На следниот линк може да пристапите кон програмата на Четвртиот семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019 година:
  • Програма
Предавањата во двата дена ќе се одвиваат во паралелни секции. Планирани се 11 научно-популарни предавања и 9 предавања за наставата по математика. Апстрактите од предвањата ќе бидат објавени во наредниот период.
​
Ве покануваме да се придружите кон работата на Семинарот. Ве потсетуваме дека on-line регистрацијата е отворена до 30 ноември 2019 година (сабота) или до пополнување на предвидениот број на учесници на Семинарот.

Со почит,
Координаторите на Семинарот


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(13.05.2019)

Почитувани колеги, соработници, студенти и ученици,

Ве известуваме дека Четвртиот семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 13 и 14 декември 2019 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје  со наслов „Популаризација на математиката“.

Како и досега, целта на Семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите, математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можности за идни истражувања, размена на искуства од наставата по математика, примена на разни успешни наставни методи, форми или техники при усвојување на математички знаења и вештини. Предавањата на Семинарот ќе бидат научно-популарни предавања од чистата и применета математика, како и предавања за изведувањето настава по математика во основно во средно училиште, но и за искуства во изведување наставата по математичките предмети на факултетите.

На Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврзитетски наставници и соработници, наставници од средните и основните училишта, студенти, средношколци, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор. 

Важни датуми:

25 ноември 2019 година - краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето. Заинтересираните предавачи треба да ги пратат насловот и апстрактот на своето предавње на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: urnek_za_apstrakt_mip2019.doc.

30 ноември 2019 година - краен рок за on-line регистрација и плаќање на котизација за учество на Семинарот. Регистрацијата се извршува со пополнување на контакт формата за регистрација на следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/cetvrti-seminar-matematika-i-primeni-registracija.html. Котизација за учество на Семинарот е во висина од 600 денари. Повеќе информации за начинот на уплата на котизацијата на следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/cetvrti-seminar-matematika-i-primeni-kotizacija.html.
Предавачите на Семинарот, студентите и средношколците се ослободени од плаќање котизација. 

13-14 декември 2019 година - денови на одржување на Семинарот. Се планираат паралелни секции со научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика и во двата дена на одржување на Семинарот. 
Сите учесници ќе добијат сертификат за учество, а предавачите - сертификат за одржаното предавање.

31 јануари 2020 година - краен рок за праќање на трудови од одржаните предавања за објавување во електронско и печатено издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ. Заинтересираните предавачи за објавување на труд од нивното предавање, својот труд треба да го пратат на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Урнекот за трудот може да го симнете одовде: urnek_za_trud_mip2019.doc.

Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.

Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])
Ас. м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com)
​

​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(25.04.2019)

Почитувани колеги, соработници и студенти,

Ви го најавуваме Четвртиот семинар „Математика и примени“ кој ќе се одржи во текот на месец декември 2019 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје  со наслов „Популаризација на математиката“. 

Целта на Семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите, математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можности за идни истражувања, размена на искуства од наставата по математика, примена на разни успешни наставни методи, форми или техники при усвојување на математички знаења и вештини. Предавањата на Семинарот ќе бидат научно-популарни предавања од чистата и применета математика, како и предавања за изведувањето настава по математика во основно и средно училиште.

Како и во претходните години, на Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврзитетските наставници и соработници, наставниците од средните и основните училишта, студентите, средношколците, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор.

​Предавачите на Семинарот ќе имаат можност да ги објават трудовите од одржаните предавања во зборник со трудови од едицијата Математички омнибус или како статија на Порталот на Институтот за математика - ПОИМ.

Во следните соопштенија ќе бидат објавени попрецизни информации за важните датуми и начинот на пријавување учество на Семинарот. 

​​Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])
Ас. м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com)
​
Претходни семинари „Математика и примени“:​
  • Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
  • Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017
  • Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
Работилницa, претходник на семинарите „Математика и примени“:​
  • Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
Picture
Симни леток (pdf)

Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019 (главна страница)
  • ​On-line регистрација
  • ​​Листа на регистрирани учесници​
  • ​Котизација​​​​
  • Програма
  • Книга со апстракти
  • Листа на учесници
  • Фотографии
  • ​Презентации
Важни датуми:
25 ноември 2019 - краен рок за поднесување апстракти.

30 ноември 2019 - краен рок за on-line регистрација и плаќање на котизација за учество на Семинарот.​
​
13-14 декември 2019 - денови на одржување на Семинарот

31 јануари 2020 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. 

​Главен координатор: 
Проф. д-р Ирена Стојковска 

Координатори:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова 
Ас. м-р Марко Димовски 
*) Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје  со наслов „Популаризација на математиката“. ​

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.