ИМ-ПМФ
  • Почетна
  • За ИМ
    • Кратка историја на ИМ
    • Кадар >
      • Наставен кадар
      • Административен кадар
      • Поранешен наставен и административен кад
    • Заводи
    • Библиотека >
      • Сигнатура и услуги
      • Учебници
  • Настава
    • Прв циклус студии >
      • Акредитација 2022/2023 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2018/2019 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Актуарска и финансиска математика
        • Применета математика
        • Математика-информатика
      • Акредитација 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Матем. програмирање
        • Мат.-инф. (наставна)
        • Мат.-инф. (применета)
      • Математика-физика >
        • Акредитација 2023/2024
        • Акредитација 2019/2020
        • Акредитација 2014/2015
    • Втор циклус студии >
      • Акредитација 2023/2024 >
        • Математички науки и примени 2023
        • Математичко образование 2023
        • Применета математика - MMO 2023
        • Применета математика - МСАММЕ 2023
      • Акредитација 2019/2020 >
        • Математички науки и примени 2019
        • Математичко образование 2019
        • Применета математика - MMO 2019
        • Применета математика - МСАММЕ 2019
      • Акредитација 2014/2015 >
        • Математички науки и примени 2014
        • Математичко образование 2014
        • Мат. стат., актуарство и мат.мод. во економија
        • Нумеричка оптимизација и апроксимации 2014
      • Магистри
    • Трет циклус студии >
      • За третиот циклус студии
      • Доктори на науки
    • Мобилност
  • Наука
    • Предавања
    • Конференции >
      • Семинар „Математика и примени“
      • Конференции за образование
      • Манифестација „Ноември - месец на науката&ldq
      • Конференции, семинари, работилници
    • Проекти
    • Публикации >
      • Научни публикации
      • Научно-популарни публикации
  • Огласна табла
    • Соопштенија
    • Документи за I и II циклус >
      • Конкурси за упис >
        • Координатори
      • Правилници и постапки
      • Уписи / заверки
      • Календар на активности
      • Стипендии
      • Обрасци, барања, Iknow
    • Студентски живот >
      • Студентски организации
      • Студентски права
      • Правобранител на УКИМ
    • Распоред на часови
    • Распоред на испити
    • Дипломска работа
    • Галерија
  • Центар за кариера
    • Почетна (Центар за кариера)
    • Практична настава >
      • Соопштенија за практична настава
      • Документи за практична настава
      • Од дневнците на практичната настава
      • Огласи за пракса
    • Саеми за кариера >
      • Распоред на саемите за кариера
      • Огласи за работа
    • Алумни на ИМ >
      • Отворен повик
      • Листа со Алумни на ИМ
      • Изјави на Алумните на ИМ
      • Кариерите на нашите математичари
    • Контакт (Центар за кариера)
  • ПОИМ
    • Почетна (ПОИМ)
    • Статии >
      • Научно-популарни статии
      • Статии за наставата по математика
      • Математички омнибус (наука)
      • Математички омнибус (настава)
      • Статии од Месецот на науката
    • Активности
    • Забава
    • ПОИМ споделува...
    • Рекле за...
    • Контакт (ПОИМ)
  • Контакт
  • EN
Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Петти семинар „Математика и примени“

Петти семинар „Математика и примени“, 5-6 март 2021


С О О П Ш Т Е Н И Е
(07.09.2022)

Почитувани,

Ве известуваме дека електронските верзии на книгите со трудови произлезени од предавањата на Петтиот семинар „Математика и примени“, 5-6 март 2021, се објавени. Книгите се со слободен пристап кон кој може да пристапите преку следните линкови:

Книга 9 - Научно-популарни трудови од Петтиот семинар „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-9.html
Книга 10 - Трудови за наставата по математика од Петтиот семинар „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-10.html

Воедно, го најавуваме Шестиот семинар „Математика и примени“ за месец март 2023 година, со научно-популарни предавања од областа на математиката и нејзините примени.

Со почит,
проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова,
проф. д-р Ирена Стојковска,
Уредници на едицијата „Математички омнибус“


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(28.05.2021)

Почитувани учесници на Петтиот семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021. Ве известуваме дека сертификатите за учество на Семинарот се доставени на електронските адреси кои ги имате пријавено при регистрацијата.

Ви благодариме за учеството.

Координаторите на Семинарот


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(15.03.2021)

Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје пет години по ред го организира семинарот „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“. Оваа година, Петтиот семинар „Математика и примени“, заради пандемијата од COVID-19, се одржа онлајн на платформата Microsoft Teams на 5-6 март 2021, а истовремено имаше стриминг и на You Tube каналот Institut za matematika PMF - YouTube. На семинарот беа одржани 36 предавања и тоа: 16 научно-популарни и 20 за наставата по математика. Беа регистрирани околу 350 учесници. Прочитајте повеќе во истоимената статика на ПОИМ на следниот линк:
http://poim-pmf.weebly.com/petti-seminar-matematika-i-primeni-mip2021.html
До гледање со следниот семинар!

Координаторите на Семинарот

​

С О О П Ш Т Е Н И Е
(04.03.2021)

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека сите учесници кои се наоѓаат на Листата на регистрирани учесници се ставени во тимот на Петтиот семинар на Teams и ќе може да ги следат предавањата преку таа платформа.

Не бевме во можност да ги додадеме во тимот сите навремено регистрирани учесници, за да не настанат непланирани технички проблеми од преоптеретување на тимот. Затоа се обидовме да најдеме алтернативно решение.  

Учесниците кои не се ставени во тимот на Teams и оние кои би имале технички проблеми при пристапувањето кон тимот, ќе може да ги следат предавањата на Семинарот од преносот во живо на You Tube каналот на Институтот за математика:
https://www.youtube.com/channel/UC7XsjWWhp8afY2dO0J6hwaw
Ве замолуваме за разбирање, доколку нешто не тргне според планираното со онлајн состанокот и преносот во живо на You Tube каналот.

Благодариме на соработката!

Координаторите на Семинарот



С О О П Ш Т Е Н И Е
(02.03.2021)

Почитувани колеги,

Програмата и Книгата со апстракти за предавањата на Петтиот семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021 може да ги најдете на следните линкови:
  • Програма
  • Книга со апстракти

Ве очекуваме на Петтиот семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021 за да заедно ѝ одадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.

Ви посакуваме успешен семинар!

Координаторите на Семинарот 



С О О П Ш Т Е Н И Е
(01.03.2021)

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека онлајн платформата на која ќе се одржи Петтиот семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021 е Microsoft Teams. На оваа платформа формиравме тим со име Петти семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021, чија икона го има следниот изглед:​
Picture
Во текот на наредните два дена 2 и 3 март 2021 регистрираните учесници ќе бидат внесувани во тимот по редослед на нивното регистирање. Бројот на членови во тимот е ограничен, па може да се случи последно регистрираните да не може да бидат внесени.

Учесниците ќе бидат внесени во тимот со нивните електронски адреси кои ги приложиле во пријавата за учество. Ги замолуваме сите учесници внесени во тимот, најдоцна до четврток, 4 март 2021 да се обидат да влезат во тимот на Петтиот семинар каде ќе видат дека има сетирано единствен дводневен состанок ПЕТТИ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“ 5-6 МАРТ 2021, на чиј канал треба да се приклучат за да ги следат предавањата за време на семинарот.

За помош околу техничкиот дел во Teams, обратете се на [email protected]. Напоменуваме дека во деновите на одржување на семинарот 5 и 6 март 2021 можеби нема да бидеме толку лесно достапни за помош околу отстранување на проблемите со најва на Teams, наоѓање на тимот на Петтиот семинар, и наоѓање на состанокот за предавањата. Затоа со време направете пробно најаваување во тимот.

Со почит,
​Координаторите на Семинарот


​
С О О П Ш Т Е Н И Е
(04.01.2021)

Почитувани колеги, соработници и студенти,
 
Ве известуваме дека Петтиот семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 5 и 6 март 2021 година, на некоја од online платформите. Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје со наслов „Популаризација на математиката“.
 
Како и досега, целта на Семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите, математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можности за идни истражувања, размена на искуства од наставата по математика, примена на разни успешни наставни методи, форми или техники при усвојување на математички знаења и вештини. Предавањата на Семинарот ќе бидат научно-популарни предавања од чистата и применета математика, како и предавања за изведувањето настава по математика во основно и во средно училиште, но и за искуства во изведување наста­ва­та по математичките предмети на факултетите.
 
На Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврзитетски наставници и соработници, наставници од средните и основните училишта, студенти, средношколци, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор.

Важни датуми:
25 февруари 2021 година - краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето. Заинтересираните предавачи треба да ги пратат насловот и апстрактот на своето предавање на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот може да го подигнете одовде: urnek za apstrakt_MIP2020-2021.doc.

3 март 2021 година - краен рок за online регистрација. Регистрацијата се извршува со пополнување на Google форма со податоци за учесникот на семинарот. Ако правилно сте ја пополниле Google формата, на вашата електронска адреса ќе добиете известување дека сте се пријавиле за учество на Семинарот.
За учество на Семинарот не се наплаќа котизација. 
 
5 и 6 март 2021 година - денови на одржување на Семинарот.
Сите навремено регистрирани учесници, кои ќе присуствуваат на предавањата, ќе добијат електронски сертификат за учество, а предавачите - сертификат за одржаното предавање.

15 март 2021 година - краен рок за праќање на трудови од одржаните предавања за објавување во електронско и печатено издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ. Заинтересираните предавачи за објавување на труд од нивното предавање, својот труд треба да го пратат на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Урнекот за трудот може да го подигнете одовде: urnek za trud_MIP2020-2021.doc.

Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.

За повеќе информации може да се обратите на Координаторите на Семинарот или на официјалната електронска адреса на Петтиот семинар: [email protected]. 
 
Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected])
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected])

Претходни семинари „Математика и примени“:​
  • Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019
  • Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
  • Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017
  • Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
​Работилницa, претходник на семинарите „Математика и примени“:​
  • Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
Picture
Симни леток (pdf)

Петти семинар „Математика и примени“, 5-6 март 2021 (главна страница)
  • ​On-line регистрација​
  • Листа на регистрирани учесници
  • ​Програма
  • Книга со апстракти
  • ​Презентации
  • Видео записи
Важни датуми:
25 февруари 2021 - краен рок за поднесување апстракти.

3 март 2021 - краен рок за on-line регистрација за учество на Семинарот.​
​
5-6 март 2021 - денови на одржување на Семинарот

15 март 2021 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. 

​Kоординатори: 
Проф. д-р Ирена Стојковска 
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова 

Соработници:
Ерблина Зеќири
Стефан Мирчевски 
*) Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје  со наслов „Популаризација на математиката“. ​

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.