Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Седми семинар „Математика и примени“
Седми семинар „Математика и примени“, 15 март 2024
С О О П Ш Т Е Н И Е
(22.3.2024) Почитувани, Ве известуваме дека фотографиите и презентациите од одржаните предавања на Седмиот семинар „Математика и примени“ се објавени во Галеријата и на ПОИМ соодветно. Кон нив може да пристапите преку следните линкови: Со почит, Координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(12.3.2024) Почитувани колеги, соработници и студенти, Програмата и Книгата со апстракти за предавањата на Седмиот семинар „Математика и примени“ 15 март 2024 може да ги најдете на следните линкови: Ве очекуваме на Седмиот семинар „Математика и примени“ 15 март 2024 за да заедно ѝ одадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто. Воедно, најавуваме дека регистрацијата на Семинарот е продолжена до 13 март 2024 и може да се регистрирате на следниот линк за онлајн регистрација. Ви посакуваме успешен семинар! Со почит, Координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(28.12.2023) Почитувани колеги, соработници и студенти, Ве известуваме дека Седмиот семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 15 март 2024 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Семинарот „Математика и примени“ се одржува традиционално веќе неколку години, а неговата цел е промовирање на математичките науки меѓу младите, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, разгледување насоки и можности за идни истражувања. Предавањата на Седмиот семинар ќе бидат од научно-популарна природа во рамките на теориската и применетата математика. За учество на овој настан не се плаќа котизација. На предавачите ќе им биде доделен сертификат за учество и ќе им биде овозможено објавување на нивниот труд во едицијата Математички омнибус. Нема да се доделуваат сертификати за слушателите. На Семинарот можат да учествуваат како предавачи или слушатели студенти од сите три циклуси и сите насоки на факултетите при УКИМ: ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Градежен факултет, Економски факултет, како и од други факултети при универзитетите во Македонија. Ги каниме и сите заинтересирани униврзитетски професори и соработници, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор, со своето присуство и учество да го збогатат овој настан. Важни датуми: 8 март 2024 година - краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето. Заинтересираните предавачи треба да ги пратат насловот и апстрактот на своето предавње на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: urnek_za_apstrakt_mip2024.doc. 11 март 2024 година - краен рок за задолжителна онлајн регистрација. 15 март 2024 година - ден на одржување на Семинарот. 30 јуни 2024 година - краен рок за поднесување трудови од одржаните предавања за објавување во електронското и печатеното издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ. Заинтересираните предавачи за објавување труд од нивното предавање, својата работа треба да ја испратат на адреса на координаторите: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Урнекот за трудот може да го симнете одовде: urnek_za_trud_mip2024.doc. Фонтовите што се користат во овој урнек се македонски (SKOLA_font_family.zip) и можат да се преземат одовде: Македонски кирилични фонтови | Министерство за информатичко општество и администрација (mioa.gov.mk). Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто. Со почит, Координаторите на Семинарот Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]) Претходни семинари „Математика и примени“:
|
Книга со апстрактиПрограмаВажни датуми:
8 март 2024 - краен рок за поднесување апстракти. 11 март 2024 година - краен рок за задолжителна онлајн регистрација. (рокот за регистрација е продолжен до 13 март 2024) 15 март 2024 - ден на одржување на Семинарот. 30 јуни 2024 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. Kоординатори: Проф. д-р Ирена Стојковска Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова Соработници: Илија Јовчески Ерблина Зеќири Стево Ѓоргиев |
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ